07:13 - 10 ноември, 2026

Кортни Кардашијан доби ужасни критики за фотографијата од својот син! (ФОТО)

Популарната Кортни, најстарата сестра од Кардашијан, е горда мајка на 3 деца – момчињата Мејсон и Рејн и девојчето Пенелопе.

Таа понекогаш со своите следбеници на Инстаграм споделува симпатични и топли моменти кои ги дели со своите дечиња, па така и вчера откри како нејзиниот син Рејн си игра во кујната. Ријалити-ѕвездата објави неколку фотографии на кои малиот Рејн стои на столица пред шпоретот и меша во тавата, додека семејното куче Кабс се обидува да му се придружи.

„Добро утро од готвачите Рејн и Кабс“, напиша гордата Кортни.

View this post on Instagram

Good Morning from Chef Reign and Cubs.

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Меѓутоа, изгледот на нејзиниот син не им се допаѓа на следбениците, а особено неговата фризура.

Во рок од неколку минути, голем број од следбениците на Кардашијан објасниле во коментарите дека Кортни треба да го однесе својот син на шишање.

„Скрати ја косата на ова сирото дете“, „Дали е Рејн момче или девојче?“, „Косата му е предолга, во ред е да биде малку подолга, но ова е веќе смешно“, „Ќе се запали несакајќи косата на Рејн“, „Мислев дека ова е Пенелопе“, се само некој од непријатните коментари кои Кортни ги доби на објавата.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....