22.8 C
Скопје
16:09 - 27 април, 2024

Kој е мистериозното момче „Фред“ на Ким Кардашијан: „Уште еден познат рапер“

„Сингл“ милијардерката откри дека има средби со човекот кој за сега го нарекува „Фред“ на истото место во Њујорк каде порано уживала во „тајните вечери“ со Пит Дејвидсон.

Веднаш откако славната старлета беше забележана од папараците, на интернет почнаа да кружат различни приказни за мажот со кој била на вечера. Ким пак призна дека „тој дел од запознавањето е нешто што сосема го мрази“ – во една неодамнешна епизода од нејзиното реално ТВ шоу, Кардашијан објасни зошто излегувањето со некого без да сте влезени во сериозна врска станува тешка задача за неа.

„Па, едноставно е тешко бидејќи како изгледаат тие први состаноци? Зад вратите, не можеш да излезеш. Незгодно е некако. Еве зашто, ако те видат со некого, а работата не почне да функционира, треба да се обидеш да направиш да функционира што подолго, за да не излезеш засрамен од тоа што се случио толку брзо. А јас сакам да се искрадам малку, нема ништо лошо во тоа да се прикрадете наоколу“ – вели таа и додава дека затоа пронашла место кое изгледа на тајна соба каде што може да се сокрие од јавноста, а на истото место излегувала и со Пит.

За време на снимањето на шоуто, таа кажа дека сепак, сака да остане сингл уште некоја година. Сепак, разговорот постојано беше прекинуван бидејќи Кардашијан, смешкајќи се и зјапајќи во екранот на мобилниот телефон, постојано се допишуваше со некого. Тоа остави впечаток дека ќе биде тешко да остане синг уште долго време, особено откако Ким откри дека новото момче кое го нарекува  „Фред“ ги исполнува нејзините стандарди.

На Интернет кружат различни  шпекулации за тоа кој би можел да биде овој човек. Но откако почна да се шпекулира дека тоа може да е бившиот сопруг на супермоделката Жизел Будхен, седумкратниот шампион во Супер Боул – Том Бредли, ѕвездата се огласи веднаш да негира. Па така, дефинитивно не е Бредли (кој во моментов се поврзува и со глумицата Рис Витерспун).

 

Многумина имаат свои причини да веруваат дека станува збор за познатиот рапер Дрејк, но за сега нема потврда дека е тој. Но за чудо на вистината – Дрејк не ги негира овие гласини!

Останува да почекаме и да видиме. А засега фановите ќе мора да се задоволат само со името „Фред“.

 

 

 

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо
Се вчитува....