22:26 - 19 април, 2026

КОГА МОЖЕ ДА ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА: По Омикрон, еве го сценариото!

ковид-19

2022 година навистина би можела да биде година на крајот на пандемијата со нула смртни случаи, а вирусот да стане ендемичен и тоа многу наскоро, овој јуни.

Ако се пресмета само растечкиот број на заразени со Ковид, ситуацијата изгледа полоша од минатата година, но никогаш не била толку розова од почетокот на пандемијата. Многу научници од различни земји се убедени дека 2022 година ќе го означи крајот на кошмарот: во наредните месеци и овој вирус ќе стане ендемичен како што е грипот и ќе го третираме на ист начин, со одредени мерки на претпазливост и неколку апчиња.

Доаѓањето на варијантата омикрон означи важен чекор во промена на пандемијата. Основната претпоставка  е дека, во услови на поголема леснотија на пренесување, но веројатно намалена сериозност на симптомите, неопходно е да се започне да се живее со вирусот и на тој начин всушност да се спречи неговата штета. Дали ова би можело да значи дека почнува почетокот на крајот на пандемијата? Кога би можеле да кажеме дека всушност ја победивме пандемијата?

Очигледно е невозможно да се предвиди што ќе се случи, но некои индиции – за кои студиите сè уште се во тек – може да навестуваат добро за блиска иднина.

Омикрон може да стане ендемичен

За прв пат навистина изгледа можно дека имунитетот на стадото може да се постигне благодарение на варијантата Омикрон, со високо пренослива заразност, но со многу помалку тешки симптоми од Делта  и другите варијанти. Така сметаат виролозите од сите страни на светот. Дополнително, благодарение на вакцинацијата, најновите студии покажуваат значителна помала смртност на новиот Ковид-19. Ова е причината зошто би можеле да се придвижиме кон „фаза на ендемизација“ што ќе стане како вирусите на грип кои предизвикуваат меѓу 7 и 10 илјади смртни случаи годишно, 10 пати помалку од Sars-CoV-2. Меѓутоа, никогаш не ја намалувајте вашата претпазливост, бидејќи никаде во светот сè уште не сме во оваа фаза.

Важноста на третата доза

Како што сите досега спроведени студии ја покажуваат помалата опасност од Омикрон, на ист начин знаеме дека по неколку месеци од завршувањето на циклусот на вакцинација (две дози), одбраната на антителата драстично опаѓа. За да се победи ковид варијантата, но пред се пандемијата, од фундаментално значење е третата доза (бустер), која ги враќа бариерите на нашето тело и, во случај на зараза, не брани од тешка болест и речиси целосно од хоспитализација. Доказите за ова доаѓаат од Обединетото Кралство и Израел каде над 50% од населението веќе ја примило дополнителната доза. Всушност, со оглед на десетици илјади случаи на ден, хоспитализациите остануваат многу ниски во бројност.

Кога од Ковид повеќе нема да се умира

Следното лето би можело да ни донесе дневен билтен во кој се пријавени само позитивните со многу малку смртни случаи (виролозите се надеваат на нула смртност). Покрај желбата на сите нас, тоа се предвидувањата на математичките модели за кои знаеме дека не се Библија. Но, тие влеваат оптимизам. Всушност, прогнозите се дека од ова лето, доколку се придржуваме на вакцинацијата, може да се случи посакуваната цел: ендемичен вирус и крај на пандемијата, пишува италијанскиот дневен весник Ил џорнале.

 

Слични објави

(Фото) Славење во домот на Неда Украден: „Ти си моето најголемо богатство“

Еспресо

Карактерот и душевната состојба се огледуваат и во положбата во која спиете

Т.Ц.

Неделен хороскоп: Биковите се подготвени за љубовни авантури, Вагите можеби ќе добијат унапредување

Т.Ц.

Кој е мистериозниот „Џан“? Фановите убедени дека Карлеуша е во врска со турскиот заводник

Еспресо

(Видео) „Чукај, чукај“ во ново руво – Антониа Гиговска и Благица Павловска ја објавија дуетската песна!

Еспресо

Детали за инцидентот – Сопругата на Марко Булат викала во станот, полицијата реагирала по повик од сопругот

Еспресо
Се вчитува....