20:12 - 27 ноември, 2026

Кина и Иран ја поддржуваат позицијата на Русија за конфликтот во Украина

Ваква оценка е дадена во магазинот Нешнал интерест под наслов „Како Западот не успеа да ја изолира Русија“.

Патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Техеран беше еден од доказите дека и покрај обидите на Западот да ја изолира Москва поради специјалната операција во Украина, многу земји зазедоа неутрална позиција или ги споделуваат ставовите на руската страна. Таква оценка е дадена во напис објавен во саботата во американскиот магазин The National Interest, а пренесува тасс.

Со наслов „Како Западот не успеа да ја изолира Русија“, во написот се забележува: „Додека Русија е сè поизолирана од Западот и некои западни институции, состаноците на Путин во Техеран укажуваат на поинаков, позагрижувачки феномен: и покрај обидите на европските и американските политичари да создадат обединет глобален фронт против Кремљ, голем дел од незападниот свет останува неутрален или, во случајот со Кина и Иран, отворено поддржува како Русија гледа на конфликтот“.

Според авторот на написот Марк Епископос, договорите за извоз на украинско жито се резултат на „една недела руска дипломатија, чија цел, според експертите, е да се демонстрира колапсот на западната кампања за политичка и економска изолација на Москва“.

Путин разговараше во Техеран со иранскиот духовен водач Али Хамнеи, претседателот Ебрахим Раиси и турскиот лидер Таип Ердоган. Путин учествуваше на самитот на Русија, Турција и Иран, „тројката“ земји – гаранти на сириското решение.

На 24 февруари рускиот лидер најави специјална воена операција во Украина, и нагласи дека плановите на Москва не вклучуваат окупација на украински територии, а целите се демилитаризација и денацификација на земјата. Западот, како одговор на одлуката на Русија, почна постепено да воведува бројни и големи санкции против земјата. Заедно со ова, западните држави почнаа да му доставуваат оружје и воена опрема на Киев за суми проценети во оваа фаза во милијарди долари. Голем број западни политичари признаа дека ова е всушност економска војна против Русија, известува тасс.

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....