23:56 - 7 ноември, 2026

Попоски прогнозира: Краткотрајна временска нестабилност и дожд, еве кога и каде

– Екстремно топлото време ќе се задржи и денес, како и во текот на неделата која што ни претстои. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак денес попладне и навечер ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде во среда и во четврток. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите можно е да се искачат и над 40 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак денес попладне и навечер ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност. Поголеми услови за нестабилност ќе има во среда и во четрток. Темпратурите ќе се искачуваат до околу 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕСКТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициет 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пјат што повеќе течности – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....