17.8 C
Скопје
18:22 - 18 октомври, 2026

Поранешниот вереник на Меган Маркл се огласи: „Гладна е за слава, а стана позната благодарение на лагите и неверствата“

Се појавија нови непријатни детали за приватниот живот на војвотката од Сасекс, мажена од 2018 година со принцот Хари.

За Меган Маркл нема мир. Дури и далеку од англиското кралско семејство, се зборува за поранешната актерка. Според некои сведоштва, поранешната протагонистка на „Suits“ секогаш ги користела своите љубовни приказни и пријателства за да добие предности и привилегии. Се чини дека војвотката од Сасекс отишла дури дотаму што изневерувала и глумела наводни љубовни приказни за да ја зголеми својата популарност.

Според кралскиот експерт Том Бауер во својата нова книга со наслов „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзор“, која е моментно хит во Британија, канадскиот готвач Кори Витиело, момчето на Меган Маркл со кого била во врска две години, наводно ја обвинил Меган за неверство. Сегашната сопруга на принцот Хари наводно го изневерувала со познат голфер – и повеќе – тоа го правела во замена за слава и видливост.

Во 2014 година, Меган Маркл го предизвикала голферот Рори Меклрој на предизвикот Ice Bucket, со што го привлекла неговото внимание и поминала една вечер во друштво на спортистот. Вечерта била широко документирана од папараците, кои биле предупредени од самата Меган, која им кажала каде ќе биде и со кого со цел да стане попозната и да се зборува за неа, и покрај нејзината врска со Витиело.

Пред осум години Маркл сè уште не го познаваше Хари, но веќе почна да глуми во Suits, ТВ серија која ѝ овозможи  голем скок на нејзината кариера. Според приказната на Витиело, Меган за време на нејзиното патување во Холивуд, постојано барала средства и начини да стане сè пославна.

Кандаскиот готвач, односно поранешниот вереник на Меган, отворено зборуваше за Меган како за жена која е подготвена да направи се за популарност, дури и да изневерува и да лаже. Кори Витиело е сигурен дека бил постојано изневеруван од Меган, која подоцна го оставила без да даде премногу објаснувања.

По средбата со принцот Хари, Меган Маркл се прости од актерството. Таа се омажи и има две деца: Арчи и Лилибет. По заминувањето од кралското семејство, не е исклучено враќање на сцената во иднина, можеби во некоја продукција на Нетфликс.

Меган Маркл ја глумеше Рејчел Зејн – нејзината прва главна улога на малите екрани – седум години. Таа ја напушти ТВ серијата заради Хари и британското кралско семејство.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....