17.8 C
Скопје
15:33 - 4 мај, 2024

Астро прогноза за 24 јули, недела

Овен: Благодарение на Месечината, крајот на неделата ќе го завршите во знакот на љубовта. Особено пријатни моменти очекувајте во попладневните часови. Уживајте во нив, зашто од утре повторно ќе ве чекаат одговори на економските прашања кои ве мачат подолго време. Контролирајте си го здравјето.

Бик: Што се однесува до давање и примање емоции, Меркур е во добар аспект, па ако имало расправии во минатото, сега односите повторно се подобуваат. Што се однесува пак, до работа, повеќето Бикови ќе се чувствуваат неразбрани, некои дури и искористени, но мора да се обидете да ги избегнете конфликтите кои можат да следуваат. Ќе чувствувате умор.

Близнаци: На љубовен план, во овој дел од месецот ќе почувствувате потреба да примените нови стратегии за враќање на некои врски. На работното место, некои ситуации уште некое време ќе останат во очекување, па ќе мора да почекате. Здравје – добро.

Рак: Нема возбудливи моменти во однос на чувствата денес, па ќе сакате да направите нешто друго, на пример, да го промените „воздухот“. На работа, ако барате нешто ново, тоа ќе дојде до крајот на месецот. Здравје – Ќе се чувствувате преморени.

Лав: Љубов – периодот останува позитивен за сите оние парови кои можат и сакаат нешто повеќе. На работен план,  астролошката ситуација дозволува нешто повеќе, дури и ако Јупитер не помогне во решавање на економските прашања. Внимавајте на настинки.

Девица: Се што планирате да направите на љубовен план денес, одложете го за подоцните пладневни часови. На работен план пак, ќе почувствувате дека нешто почнува да се менува, но ќе биде потребно извесно време за да стигнете до посакуваната промена. Подобро е да избегнувате да преземате премногу обврски денес, време е да се одморите.

Вага: На љубовен план, овој ден ќе започне со мал проблем. Што се однесува до работата, правете ги работите посмирено, иако посакуваните промени сеуште не пристигнуваат, а можеби одамна ви се ветени. Внимавајте на здравјето денес кое е кревко.
Шкорпија: Што се однесува до чувствата, тие ќе бидат подобри во попладневните часови во споредба со утрото, тогаш искористете го вториот дел од денот за љубовни средби или решавање на прашања кои ве мачат, па и за искрено споделување на емоции. Работа – ако сега промените нешто (дури и само како мисла во главата), ќе имате повеќе можности во иднина. Грижете се за вашето здравје.

Стрелец: Интересен ден на љубовен план, особено за оние пријателства кои би можеле да станат нешто повеќе од тоа. На работен план, ќе сакате да направите многу, но понекогаш само желбата не е доволна. Здравје – останете концентрирани.

Јарец: Утрото ќе ви донесе решение за проблемот кој од неодамна го имате со вашето семејство. Денот е поволен за решавање на билокави „стари“ проблеми на љубовен план. На работа, имате неколку активности што треба да ги извршите, но не смеете да претерувате со вложениот труд и енергија. Здравје – ќе чувствувате замор.

Водолија: За Водолиите ова е ден на љубовта, особено во попладевните часови и вечерта кога ѕвездите се сосема на ваша страна. Искористете ја нивната наклонетост. Во работата можни се промени ако нешто подолго не ви се допаѓа. Здравје – одлично.

Риби: Сонцето кое пристигнува во вашиот знак ви дава нова енергија. На работен план -нови предлози доаѓаат, но пред да ги прифатите, проценете ги со најголемо внимание. Здравје – одморете се денес, тоа ви го бара телото.

Слични објави

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо
Се вчитува....