12:09 - 8 ноември, 2026

ИЗРАЗЕН ТОПЛОТЕН бран од Африка, еве кога ќе не „удри“

– Под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса, во следните денови во Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено во попладневните часови, и тоа особено во планинските предели не се исклучува можноста за локален краткотраен пороен дожд и грмежи. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во пораст, и тоа особено од вторник па натаму кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени, и тогаш ќе бидеме под влијание на ИЗРАЗЕН ТОПЛОТЕН бран од Африка.

И во Скопје и околината во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите и тоа особено од вторник па натаму ќе бележат тенденција на ПОГОЛЕМ ПОРАСТ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....