19.8 C
Скопје
10:10 - 28 март, 2024

(Фото) „Секој ден по неколку пати поминувам покрај секое цвеќе посебно“: Цветната приказна на Валентина Андонова

Разговараме со Валентина Андонова, родена во Велес, во едно од најстарите и најпознатите маала на градот, Којник.

– Родната куќа беше правена по онаа турска архитектура, без двор, со т.н. тремови. Единствено цвеќе беше она насаденото во саксии од мајка ми, што ја красеше терасата. Затоа, како дете, уживав и ги берев дивите цвеќиња по бреговите и ридовите. Потоа живеевме во стан, така, приказната со цвеќето продолжи со истата слика. Откако се омажив, приказната доби нова слика и димензија. Сега сум во куќа со двор и уживам во одгледувањето и негата на цвеќиња – ни раскажува Валентина.

Следната недела, на 26 јуни, Валентина ќе наполни 56 години. Веќе четврта година работи во крзнената, кожарска индустрија „Димко Митрев“.

– Работам на смени, по една недела 3, 2 и 1. Веќе напоменав, интересот за цвеќето ми е од раното детство. Но, тоа што тогаш не можев да уживам, сега сето мое слободно време го поминовам во дворчето. Инаку сум зависник од природата. Не можам да замислам слободен ден, а да не го поминам со сопругот на викендицата во Оморани, која е оддалечена од Велес 40 километри.

Одговорноста за одгледување на цвеќе е речиси цела на Валентина, а околу уредувањето, ѝ помага сопругот.

– Знае за мојата пасија со цвеќето, па на секој начин знае да ме изненади со расад цвеќе или букет рози – ни открива таа.

Ни раскажува за дворчето дома, во Велес. Вели – „мислам дека колку и да е големо, не е доволно за сè она што го имам и она што сакам да го имам. Сè што ќе видам, сакам да го имам во дворот и да уживам во неговата убавина“.

Цело слободно време го поминува во дворот.

– После напорната, физичка работа во смени, домашните обврски, правото уживање и релаксација, ги наоѓам меѓу цвеќињата. Секој ден по неколку пати поминувам покрај секое цвеќе посебно – ни раскажува и продолжува:

– Бидејќи немам услоби за собни цвеќиња, преферирам да одгледувам цвеќе за во двор и тоа да биде повеќегодишно, само што се размножува. Иако ги обожувам сите, затоа што секое на свој начин има своја убавина, најомилени ми се моминото срце со солза, момините солзи, кринивите, гладиолите, ѕвездичките, вербената….значи скоро сите. Но, ме плени опојниот мирис на дивите петунии… изрежливи, отпорни, а мирисот им е преубав и опоен.

Се распрашуваме, што мисли таа според нејзиното искуство, кои цвеќиња с епогодни за сончева страна, а кои за под сенка.

– Според страната на која се наоѓа дворчето, така би требало и да се садат и осгледуваат цвеќињата. Според мене, најдобра е шарена светлина. Моите цвеќиња се под родни дрва, заштитени од гранките, а со доволно светлина. Сончогледите, петуниите, криновите, гладиолите, со доволно вода, се најиздржливи преку целиот ден. За на балкон, сурфиниите се идеални, само да имаат доволно влажност – ни одговара Валентина.

А, кој и е најголемиот предизвик кога дворот е во прашање?

– Предизвик?! Самите цвеќиња ми се предизвикот…. нивната увавина, мирисот, изгледот, убавината со која го красат дворчето, секое ново цвеќе кое ќе посакам да го имам и му се радувам…. уживањето ми е најголем предизвик. Кај мене, од месец јануари па до доцна есен има цвеќе… Почнуваат кокичињата понекогаш и пред да дојде пролетта, потоа зумбулите, момините солзи, моминото срце со солза, дивите љубичици, жолтите качунки, лалињата, розите, сончогледите и сите други цвеќиња кои цветаат во пролет и лето, се до хризантемите во доцна есен – објаснува Валентина.

Стигнуваме до советот за почетници, што би им препорачала таа, од каде да почнат?

– Сите овие цвеќиња што ги наброив се погодни за почетници кои сакаат да уживаат во цвеќето. Издржливи, не бараат посебни услови, повеќегодишни и сами се размножуваат. Ги сакав и едногодишните, хибридните, но жалам кога ќе прецветаат и се губат до следната година – советува Валентина.

Инаку, Валентина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

 

 

Слични објави

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо

Последните денови на Слаѓана Милошевиќ: „Ме фати за раце и врескаше ‘помош, помош”

еспресо

Марија Шерифовиќ купи „нова машина“: Пејачката се почести со бесен автомобил од речиси 190.000 евра

Еспресо
Се вчитува....