Ирина Шајк ја отвори душата: О, Боже, не знам што да правам, се распаѓам…

Откако заврши нејзината љубовна врска со Бредли Купер, минатиот јуни, 34-годишниот супермодел започна нов живот како самохрана мајка на двегодишна ќерка.

Во интервјуто за британското издание на „Вог“, на кое се појавува и на насловната страница, супермоделката си ја отвори душата.

-Две фантастични личности не мора нужно да бидат добар пар, рече ѕездата на модните писти, мислејќи на Бредли Купер, со кого беше во врска од 2015 до 2019 година.

Самохрана мајка: Се будам и не знам што да правам

Ирина не ја крие болката што ја чувствува по разделбата со Купер и тешкотиите со кои се соочува како самохрана мајка, признавајќи дека не постојат едноставни денови.

-Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу тоа да се биде самохрана мајка и да се биде работно ангажирана жена, призна манекенката. -Верувајте ми, има денови кога се будам и си велам „О мој Боже, не знам што да правам, се распаѓам “.

Приватен живот далеку од социјалните мрежи

Ова е првпат Ирина Шајк да зборува отворено за нејзиниот личен живот. Кога беше во врска со Купер, таа никогаш не ја изложуваше приватната страна за да биде во центарот на вниманието, а уште помалку на социјалните медиуми.

-Имам многу пријатели кои споделуваат голем дел од нивниот личен живот на Инстаграм или воопшто, на социјалните медиуми, јавно. Им се восхитувам , но  мислам дека се работи за личен избор , рече Ирина во едно претходно интервју за британското списание „Гламур“.

-Бидејќи мојата работа бара од мене да бидам присутна во јавноста, решив дека мојот личен живот ќе биде мирен, истакна супермоделката.

Во контакт со Купер поради ќеркичката

И по разделбата со глумецот, парот даде предност на девојченцето, одлучувајќи и двајцата да живеат во Њујорк за да си олеснат околу гледањето на детето. Договорот склучен на суд помеѓу двајцата предвидува девојчето да го споделува своето време половина со мајката, половина со таткото, односно 50 -50 отсто, освен кога едниот родител е ангажиран на работа надвор од Њујорк.

Слични објави

Со дрон го снимале 14-месечниот Арчи – Хари и Меган ги тужат медиумите поради папарацо фотографии

Еспресо

Ја следат повеќе од 13 милиони луѓе но никој не забележал дека е машко – Познатата јутуберка призна сè (ФОТО)

Еспресо

Како што знаете, чекам дете…: Вељко Ражнатовиќ донел важна одлука во време на пандемија!

Васко Спасоски

Дневен хороскоп: Денот е одличен за средби со старите пријатели

Еспресо

Џони Деп призна дека е воодушевен од ќебапи!

Еспресо

Северина ќе добие минималец од државата зашто и се намалиле приходите поради пандемијата

Еспресо

Остави Коментар

7 + 12 =

Слични објави

Најскапи градови за живот во светот во 2020 година

Еспресо

Зошто секој ден треба да го чистите лицето со јаболков оцет?

Igor

Оскарите поминаа, а за нејзиниот фустан уште се зборува: Ова со сигурност не е добитна комбинација! (ФОТО)

Еспресо

Хороскоп за 19 јуни: Не се опкружувајте со луѓе што пренесуваат негативна енергија

Еспресо

Елегантните Французинки не можат да го замислат летото без овие обувки (ФОТО)

Еспресо

Повторно ја прекрши забраната: Северина ќе плати отштета од 2.500 евра.

Слободен Печат