00:44 - 29 ноември, 2026

И првата дама на Украина Олена Зеленска ќе присуствува на погребот на Елизабета Втора

Првата дама на Украина Олена Зеленска ќе присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора. 

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на светските лидери на погребот на кралицата. Заедно со другите државни функционери, Олена Зеленска викендов ќе пристигне во Лондон за да ѝ оддаде почит на Елизабета Втора.

„Британија е една од најлојалните сојузници на Украина. Присуството на Олена Зеленска на погребот е знак на ова пријателство и меѓусебно почитување “, вели извор за „д сан“.

Повеќе од 30 светски лидери се очекува да присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора кој ќе се случува на 19 септември 2022 година во Вестминстерската катедрала, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, кинескиот заменик претседател Ванг Кишан, премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, канадскиот премиер Џастин Трудо, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Шри Ланка Ранил Викремесинге и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....