26.8 C
Скопје
16:59 - 7 мај, 2024

ХАЈДИ МОНТАГ ја обвинува ЛЕЈДИ ГАГА дека ѝ ја уништила кариерата: Песната ветена за Монтаг, Гага ја присвоила и снимила!

По 13 години, поранешната натпреварувачка на „The Hills“ упати сериозни обвинувања против поп-ѕвездата, обвинувајќи ја дека ја поткопува нејзината кариера од самиот почеток, кога и двете сè уште работеа со RedOne.

Пејачката Лејди Гага и понатаму останува во центарот на медиумското внимание. По успехот во филмот „Куќата на Гучи“ како Патриција Реџиани и учеството на 94-то издание на Оскарите како водителка, поп-ѕвездата заврши во центарот на бура поради обвинението на нејзината колешка Хајди Монтаг за песна објавена во 2009 година, Fashion.

Хајди Монтаг, актерка и пејачка, се прослави особено со учеството во реалното шоу „Хилс“ од 2006 до 2010 година. Обвинението што таа го упати против нејзината колешка Лејди Гага е дека ја уништила нејзината кариера. Станува збор за многу тешко обвинување, кое датира уште од почетоците на двете пејачки.

„Луѓето велат „Ја сакам Лејди Гага“ и сигурна сум дека таа е фантастична, но јас навистина не сум имала најдобар однос со неа“ – искрена е Хејди.

Оваа контроверзност започнала во 2009 година, кога и двете колешки работеле за продуцентот RedOne. Песната Fashion првично била наменета за Хајди Монтаг, која издавачка куќа ја гледала како „родена ѕвезда“. Меѓутоа, подоцна продуцентите на филмот I Love Shopping се покажале заинтересирани за песната, размислувајќи да ја вметнат во филмот; а Лејди Гага во тој момент ја променила малку песната, ја направи своја и ја снимила.

Приказната, сепак, не завршила тука. Според Хајди Монтаг, Лејди Гага му се заканила на RedOne дека нема да работи со нив  „ако продолжат да соработуваат со Монтаг“. Со тоа, продуцентот, втурнат во ќош, продолжил да работи со Гага, која во тој момент имала поважни проекти, оставајќи ја колешката настрана и не дозволувајќи да ѝ тргне кариерата.

Слични објави

Ана Николиќ се вселила во стан кај Рале, соседите открија мрачни тајни: Се расправаа со недели

Еспресо

Среќници на неделата: Три хороскопски знаци ќе имаат за што да прослават многу наскоро

еспресо

Никола Роквиќ објави фотографии од венчавката: Ѝ упати емотивни зборови на сопругата

Еспресо

(Видео) Цеца покажа како ужива во вилата на Дедиње: Пејачката се релаксира покрај базен во доцните часови

Еспресо

(Видео) „Не е тешко да се сака…“: Жељко Митровиќ ѝ приреди невидено изненадување на сопругата за нејзиниот роденден

Еспресо

(Фото) Никола Роквиќ стаса во Македонија, бакнежот од мајка му ги разнежни обожавателите

еспресо
Се вчитува....