11.8 C
Скопје
02:36 - 3 мај, 2024

ОСКАРИ 2022: Изненадувачки триумф на CODA, еве ги сите победници на експлозивната церемонија

Оскарите се вратија дома – односно во театарот Долби во Лос Анџелес – со церемонија која се обиде, барем делумно, да ја повтори славата од минатото, кога беше следена од милиони гледачи.Одлуката да се елиминираат 8 категории од доделувањето на наградите за да се заштеди време, всушност, изгледа како важен механизам кој го потврдува она што Спилберг секогаш го повторувал -дека киното е „хорска“ уметност во која сите учесници имаат иста важност и иста тежина.

Оскарите за 2022 година го резервираа најсочното изненадување за крајот, кога филмот CODA ја „грабна“ статуетката, наместо очекуваниот филм „Моќта на кучето“ на Џејн Кемпион, за најдобар филм на годината.

Горко разочарување за „Моќта на кучето“ – филм кој од 12-те номинации мораше да се  „задоволи“ со Оскар за најдобра режија на Џејн Кемпион, која веќе ја доби статуетката во 1994 година, но за оригинално сценарио. Со нејзината победа, Оскар е доделен на 2 жени за режија, втора година по ред, категорија која отсекогаш важела за монопол на мажите, со што сфативме дека ветрот во Холивуд се менува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Academy (@theacademy)

Мали беа изненадувањата во категоријата за најдобар акте: како што се очекуваше, Вил Смит го доби првиот Оскар во кариерата за филмот Кралот Ричард – тој беше номиниран во минатото уште два пати во оваа категорија, за „Али“ на Мајкл Ман и „The Pursuit of Happiness“.

Многу емоции и за победата на Џесика Честејн која по три номинации конечно се качи на сцената да го земе Оскарот за најдобра женска улога. Нејзниот говор на благодарност пред сè се фокусираше на важноста да се биде уникатен, моќно оружје способно да се бори против осаменоста и депресијата во кои многумина од нас западнаа во последните две години поради пандемијата.

Општо земено, може да се каже дека тројното женско водителство на комичарките Ејми Шумер, Ванда Сајкс и Реџина Хол функционираше.

Еве ги сите победници на Оскарите за 2022 година:

Најдобар филм – CODA

Најдобра режија – Џејн Кемпион – Моќта на кучето

Најдобар актер во главна улога
Вил Смит – Кралот Ричард

Најдобра актерка во главна улога
Џесика Честејн – Очите на Тами Феј

Најдобра споредна машка улога
Трој Коцур – CODA

Најдобра споредна женска улога
Аријана ДеБозе – Приказна од западната страна

Најдобар саундтрак
Dune

Најдобро оригинално сценарио
Белфаст

Најдобро неоригинално сценарио
CODA

Најдобар звук Dune

Најдобра оригинална песна
„No Time to Die“ – Били Ајлиш и Финес О’Конел (No Time to Die)

Најдобар меѓународен филм
Drive my car

Најдобри визуелни ефекти

Dune

Најдобра фотографија

Dune

Најдобрa монтажа

Dune

Најдобра сценографија

Dune

Најдобра шминка и фризури
Очите на Тами Феј

Најдобар документарен филм

Summer of Soul

Најдобар анимиран филм
Енканто

Најдобар документарен краток филм

The Queen of Basketball

Најдобар краток филм
The Long Goodbye

Најдобар анимиран краток филм
The Windshield Wiper

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....