12:46 - 29 ноември, 2026

Ѝ ги платив сметките од 200.000 долари, ѝ купував гардероба, ја оставив свршеницата и на крајот ме шутна! (ФОТО)

Ѕвездата од серијата „Спасувачка служба“, Памела Андерсон (52) и филмскиот продуцент Џон Питерс (74) се разведуваат по 12 дена брак, а се чини дека ги чека мачна парница.

Имено, Џон изјавил дека Памела лажела за нивниот однос и дека бил стара будала која ги отплатувал нејзините долгови во вредност од 200.000 долари и дека и купувал гардероба.

– Ја дочекував со отворени раце и со љубов, бидејќи таа беше тоа што го чекав многу години. И ги платив нејзините сметки, бидејќи немаше скршена пара во џебот. И купив потполно нова гардероба – се пожалил продуцентот.

Фото: Инстаграм

Објаснил дека Памела лаже дека ја запросил, туку дека таа го прашала него преку смс-порака дали сака да се ожени за неа.

– Кога ме праша дали сакам да се свршам со неа, беше како сонот да ми се остварил, иако бев свршен со друга жена – раскажал Џон.

Како што признал, тој оставил се поради поранешната актерка.

– Имаше сметки со вредност од скоро 200.000 долари и не можеше да ги плати, па го направив јас тоа и ова е тоа благодарам кое го добив. Нема побудала од мене – истакнал филмскиот продуцент.

 

 

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....