22.8 C
Скопје
14:50 - 20 октомври, 2026

(Фото) Во Киев светна главната божиќна елка: „Нашите деца треба да имаат празник!“

На 19 декември 2022 година, на Денот на Свети Никола, на Софијскиот плоштад во Киев, традиционално беа запалени светилки на главната новогодишна елка во земјата.

Фотографијата од новогодишната елка ја објави градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

Градоначалникот на главниот град ја објасни и одлуката да не се откаже од поставувањето на новогодишна елка во центарот на Киев за време на војната, и покрај протестите на одреден дел од Украинците.

„Оваа година имаше многу дискусии за тоа дали да се постави новогодишна елка. Имајќи предвид дека живееме во воена состојба, гранатирање и прекини на струја. Но, мислам дека донесовме вистинска одлука. Треба да има елка! Нашите деца треба да имаат празник! И покрај сите напори на руските варвари да ги лишат Украинците од радоста на Божиќ и Нова Година“, рече Кличко.

Оваа година главната новогодишна елка во земјата, која беше наречена „елката на непокорливоста“, е вештачка, висока е само 12 метри. Новогодишната елка е украсена со штедливи светилки на генератор, а ќе свети само во одредени часови.

Новогодишната елка ќе биде дополнително украсена со играчки од минатите години, со околу илјада лампиони во сина и жолта боја, како и фигурини од бели гулаби. Врвот на елката ќе биде крунисан со грбот на Украина. Долниот дел од елката пак, е украсен со знамиња на држави кои му помагаат на Киев да се справи со предизвиците и последиците од војната.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.
Се вчитува....