23:23 - 7 ноември, 2026

Трамп: „Се обидуваат да ме обвинат за упад во Капитол за да ме спречат да победам на изборите“

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека барањето одговорност од него за упадот на Капитол од страна на неговите приврзаници има само една цел, а тоа е да се обидат да го исклучат од следните пртседателски  избори.

„Луѓето разбираат дека Демократското биро за истраги работи да ме спречи да се кандидирам на претседателските избори бидејќи знаат дека ќе победам“, рече Трамп.

Поранешниот претседател истакна дека обидите да му наштетат уште повеќе ќе ги обединат поддржувачите околу него.

Претходно беше објавено дека специјалниот комитет на Претставничкиот дом на САД, кој го истражува нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, препорача Министерството за правда да поднесе кривична пријава против поранешниот претседател Доналд Трамп во врска со овој настан.

Препораките на Комитетот не се обврзувачки за Министерството за правда, а Министерството за правда треба да одлучи дали ќе продолжи со понатамошни судски истраги за поранешниот претседател.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....