10:47 - 18 август, 2026

(Фото) Децата на Камила ќе го поминат Божиќ со кралското семејство за првпат: Кои се Том и Лора?

Според традицијата, кралот Чарлс III и кралицата Камила ќе го поминат својот прв Божиќ на престолот – и првиот без кралицата Елизабета – во Сандрингам, опкружени со многу членови на кралското семејство, вклучувајќи ги принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард, Вилијам и Кејт Мидлтон со нивните три деца, Џорџ, Шарлот и Луис. По документарецот Хари и Меган на Нетфликс, присуството на принцот Хари со Меган Маркл не се очекува, но од друга страна за време на празниците во кралскиот имот треба да дебитираат посиноците на новиот крал: Том (47) и Лора (44), родени од првиот брак на Камила со Ендрју Паркер Боулс.

Ова е првпат, како што пишува британски „Телеграф“,  Камила да ги покани Том и Лора во Сандрингем. А поканата е природно упатена до петте внуци на актуелната кралица.

Том, по професија е критичар на храна, има две деца од неговата поранешна сопруга Сара Бајс, од која се раздели во 2018 година: Лола, родена во 2007 година и Фредерик, роден во 2010 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olly Smith (@ollysmith)

Лора пак, е сопственичка на уметничка галерија во Лондон и во брак е со поранешниот модел на долна облека Хари Лопес, ја роди Елиза во 2008 година, а во 2009 година близнаците Гас и Луис.

„Камила е воодушевена што нејзиното семејство ќе биде со неа на Божиќ во Сандрингем“, изјави извор за Сан.

Принцот Хари, со оглед на тензиите со кралското семејство (особено по емитувањето на документарната серија на Нетфликс, Хари и Меган) ќе остане во Калифорнија со сопругата и децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Entre Estrellas (@entreestrellascol)

Така, околу кралот нема да бидат децата на војводите од Сасекс, Арчи и Лилибет Дијана, но околу него ќе има многу други внуци. Малите Џорџ, Шарлот и Луис (Луис оваа година ќе дебитира на традиционалната божиќна миса во црквата Света Марија Магдалена) но и децата на Том и Лора. А самиот крал многу сака дечиња, како што самата Камила откри:

„Тој клекнува на колена и ползи на подот со нив, испушта смешни звуци и се кикоти со часови. Или им го чита Хари Потер имитирајќи ги гласовите на различните ликови. Моите внуци го сакаат тоа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HM Queen Camilla (@queen.camilla1947)

Слични објави

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 август: Бидете внимателни пред да донесете важна одлука

apostolova

(Фото) Манекенката Иларија Кирилов го покажа виткото тело во бикини

Еспресо

И роденденот не може да ѝ помине без драма! Карлеуша отвори нов Инстаграм на полноќ, собра 10.000 следбеници, а потоа повторно го изгуби профилот!

Еспресо

(Фото) „Ноќ ми те дугује“ ја напишал за неа: На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево прошета првата љубов на Здравко Чолиќ 

Еспресо
Се вчитува....