23:41 - 8 ноември, 2026

(Фото) Српската старлета Станија доби подарок од 300.000 евра: „За мојата жена, порше, ролекс…“

Иако тврдеа дека раскинале, Асмин и Станија очигледно ја обновиле љубовта, а моментално престојуваат во Америка каде не кријат дека уживаат. Асмин се огласи на својот инстаграм-профил каде со емотивни зборови ѝ го честита роденденот на Станија.

Српската старлета Станија Добројевиќ ужива во љубовта со Асмин Дурџиќ, кој на социјалните мрежи покажа што ѝ купил за роденден.

Асмин се најде во центарот на вниманието кога мајката на неговото дете, Анела Ахмиќ, влезе во српското реално шоу „Задруга“, тврдејќи дека Станија ѝ го преземала сопругот.

– Животот нè спои сосема случајно и од тој момент повеќе ништо не е исто како што беше претходно. Сега знам за што живеам, сега знам што е вистински живот. Имам само една желба, а таа желба си ти. Овој ден ќе бидам твоја сенка и ќе се трудам сè да направам по твоја волја. Секој твој збор е моја заповед и должност. Те сакам и тоа ми причинува вистинско задоволство. Љубов во очите, радост во срцето и среќа во раката, тоа е сè што сакам да го имаш во иднина. Среќен роденден љубов моја – напиша Асмин Дурџиќ на Инстаграм.

Дурџиќ потоа покажа дека не штедел пари за роденденските подароци со кои ја опсипал Станија.

Тој покажа дека на Станија ѝ купил скап часовник од марката „ролекс“.

– Подарок за мојата сопруга – напиша Асми на својот инстаграм-профил со фотографија од подарокот.

Инаку, Асмин пред самиот роденден ја изненади старлетата со нов автомобил – порше од 280.000 евра.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....