21:59 - 29 ноември, 2026

(Фото) Чола и Брена конечно заедно на сцена! Чола ѝ го крена фустанот и ја пипкаше по нозете!

Балканските музички ѕвезди Здравко Чолиќ и Лепа Брена синоќа настапија заедно на фестивалот „Копаоник мјузик вик“.

Лепа Брена и Здравко Чолиќ се двете најголеми југословенски ѕвезди, а нивните повеќедецениски кариери и многубројната публика го оправдуваат овој ласкав статус.

Никој не очекуваше дека на затворањето на сезоната во рамки на фестивалот ќе се случи нешто толку спектакуларно, но синоќа на публиката ѝ беше приредено нешто за што долго ќе се зборува – Лепа Брена му се придружи на Здравко Чолиќ на сцената и предизвикаа хистерија кај публиката!

Легендарниот Чола ја вжешти атмосферата, а настапот со Брена заедно со изведбата на легендарната песна „Пусти, пусти мода“ беше врв на вечерта, кој ја остави публиката без здив. Комбинацијата на нивните неверојатни гласови и харизмата создаде незаборавен момент кој ќе остане врежан во сеќавањето на сите присутни.

 

Брена се појави во фустан со длабок изрез до колковите во кралско сина боја и во сребрени сандали. Откако срдечно се прегрнаа и бакнаа на сцената, во еден момент, во текот на изведбата на песната, Брена го крена фустанот и ја разголи ногата, а Чолиќ ја погали долж ногата.

Овој гест на двете музички ѕвезди дополнително ја вжешти атмосферата меѓу публиката.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....