15:18 - 8 ноември, 2026

(Фото) Прва објава на ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ по разводот: Убавата Џина ги „запали“ социјалните мрежи

Џина Џиновиќ во екот на разводот на нејзините родители објави провокативна фотографија на својот инстаграм-профил со која ги „запали“ социјалните мрежи.

Ќерката на Харис и Мелина Ѓиновиќ, Џина е многу активна на сите социјални платформи. Меѓутоа, откако во јавноста се појави веста за разводот на нејзините родители, таа не се огласуваше и подолг период не објавуваше ништо.

Убавата Џина сега ги израдува своите следбеници, па на својата инстаграм-приказна сподели селфи од огледало, а она што многумина го коментираа е стајлингот што го носеше, како и тоа дека ќерката на Харис изгледа одлично.

Заедно со објавата, ќерката на Харис и Мелина ја стави песната „Caught Up“, а потоа додала кафеаво срце и текстот на песната.

Инаку, Џина обожава луксузни патувања, облека и накит, а очигледно е дека Харис и Мелина не штедат пари кога е во прашање нивната ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)


Да потсетиме, Харис и Мелина Џиновиќ решија да стават крај на бракот, но сè уште не сакаат да зборуваат за тоа во јавноста.

– Разберете ме, не би зборувала на таа тема. Ви благодарам на повикот, пријатно – рекла Мелина Џиновиќ за „Пинк.рс“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....