21.8 C
Скопје
13:12 - 29 септември, 2026

Феноменот Александра Пријовиќ не застанува: За неколку месеци ќе наполни повеќе од 20 арени

Регионалната турнеја на Александра Пријовиќ (28) постигна светски успех. За само осум месеци, младата пејачка закажа вкупно 27 концерти во најголемите арени во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

Досега има одржано 16 концерти, а до април има закажани уште 11, од кои пет последователни настапи во Осиек следната недела. Пејачката нема намера да застане и веќе најави продолжување на успешната турнеја „Од исток кон запад“ во текот на оваа година.

Таа трипати ги наполни сараевските Зетра и Чаир во Ниш, а два дена по ред пееше во салата Мејдан во Тузла. Веќе има три закажани термини во Спенс во Нови Сад на распоредот за април.

Таа ја започна својата турнеја во Белград на 28 септември минатата година, а три дена по ред ја наполни арената Штарк. Тоа беше само загревање за она што ја чекаше во Загреб, каде во декември одржа пет концерти, а многумина се согласија дека треба да закаже и втор концерт на стадионот Максимир.

– Моментално ги живеам моите соништа. Отсекогаш верував дека се исплати да одиш по свој пат. Ќе се обидам да продолжам да работам како што работев досега и напредувам. Во моментов сум пресреќна со се што сѐ случува и продолжувам понатаму, туркам – изјави Александра по првиот концерт во Арена Загреб.

На концертите во Загреб, Александра беше придружувана од тим од околу 70 луѓе, а во организацијата на концертот учествуваа дури 450 луѓе. Шминкери, стилисти, фризери и остатокот од тимот за убавина дадоа сѐ од себе пејачката да воодушеви со својот изглед секоја вечер.

На нејзините концерти гости беа некои од најголемите ѕвезди на Балканот, меѓу кои Лепа Брена , Саша Матиќ и Јелена Розга, која е долгогодишна пријателка на Александра.

– Ние сме пријателки во последните пет, шест години. Таа е прекрасна. Сакаме заеднички вечери, јадеме нешто убаво и разговараме. Очекував повик. Тоа беше природен редослед на настаните, со оглед на тоа дека сме навистина добри – изјави Јелена по настапот на четвртиот концерт на Пријовиќ во Загреб.

Покрај Осиек, пејачката во следните два месеци ќе пее и пред публиката во Крагуевац, Вршац, Нови Сад и Зеница, а секако ќе донесе и специјални гости на тие концерти.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....