19.8 C
Скопје
20:22 - 30 април, 2024

(Фото) „Оваа жена ме прогонува!“ Цеца и Карлеуша во ист авион по скандалозното видео од судницата!

Српските пејачки Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ беа тема број еден на естрадата минатата недела затоа што Карлеуша на социјалната мрежа Х објави видео од судењето со Цеца, на кој можеа да се слушнат бројни меѓусебни навреди.

Српски „Курир“ донесува ексклузивни фотографии од местото на настанот само неколку дена по овој скандал, Јелена и Цеца имале можност да се сретнат лице в лице на летот од Белград за Минхен, како и на германскиот аеродром.

Инаку, деталите од непријатната средба за „Курир“ ги пренел еден од патниците кој бил на овој лет.

– Јелена прва пристигна на белградскиот аеродром. Беше облечена во црно од глава до пети – во долг црн фустан со прерамки, влечки и чанта, а очите ги криеше зад големите очила за сонце. Цело време пишуваше на мобилниот телефон. Таа веднаш влезе во авионот, каде седна во бизнис класа, до прозорецот. Меѓу последните кои се качија во авионот беше Цеца, придружувана од нејзиниот клавијатурист, фризер и неколку луѓе од тимот. Веднаш на влезот ја забележа Јелена, па само ја спушти главата и продолжи кон своето место кое беше само еден ред зад колешката, но до преминот, така што цело време во текот на летот гледала директно во неа, додека разговараше со својот музичар – раскажал изворот за „Курир“, па додал:

– Додека седела, Јелена во еден момент го крена погледот во правец на Цеца, која во тој момент влегуваше во авионот и додека поминуваше и го бараше своето место, само накратко искоментира: „Дали е можно и оваа несреќа да е тука? Оваа жена ме прогонува“. Тоа предизвика смеа кај присутните патници од бизнис класата. Целиот лет Цеца го помина разговарајќи со член од нејзиниот бенд, додека Карлеуша цело време гледаше во својот телефон. По слетувањето во Минхен, Јелена беше една од првите што излезе од авионот и седна да ги чека танчарката и организаторот на настапот за таа вечер, кои седеа на крајот од економската класа на истиот лет, а неколку моменти по неа пристигна и Цеца и само помина покрај неа. Кога сите се собраа, Јелена се упати кон пасошката контрола, а потоа да го зема багажот, каде Ражнатовиќ веќе седеше и разговараше со своите сопатници.

Потоа се случила уште една непријатна ситуација, кога се сретнале во просторијата за земање багаж.

Ова не е првпат тие две да бидат во ист авион. Последен пат тоа се случило пред две години кога се враќале од Виена, а истата ситуација се случила во 2012 година кога и двете патувале за Цирих.

– Оваа средба ќе биде историска доколку се урне овој авион. И ако се урне, Србија ќе си ги реши сите проблеми – изјави тогаш Карлеуша за „Курир“.

Фотографиите од средбата меѓу Јелена и Цеца можете да ги погледнете ТУКА.

Слични објави

Сергеј Трифуновиќ по последното апсење: Ова ме смени, сега сум повоспитан

Еспресо

Данијела Мартиновиќ проговори за здравствените проблеми: „Морам да се носам со “

Еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ по разводот на родителите донел неочекувана одлука, пејачката веднаш се огласи

Еспресо

Стоја потрошила 100.000 евра за операции и била во вештачка кома 9 и пол часа: Го променив личниот опис, но луѓето не ме прифатија

jasmina.kantardzieva

(Фото) Раста пуштен од болница на домашно лекување: А дома, изненадување!

еспресо

Јована Јеремиќ откри колку заработува за еден час: Јас сум деловна жена, плаќам некој да ми ја чисти бањата

Еспресо
Се вчитува....