29.6 C
Скопје
16:19 - 19 јуни, 2026

Ме силуваше пенетрирајќи со прстите во мене: Милена Радуловиќ сведочеше против Алексиќ, адвокатот казнет

Српската актерка Милена Радуловиќ, една од жртвите на Алексиќ, продолжи да сведочи во првиот дел од судењето на учителот по глума Мирослав Мика Алексиќ за силување и сексуално вознемирување на седум ученички, главно малолетни.

Радуловиќ денеска во продолжение на сведочењето во преполната судница, одговарајќи на прашања на бранителот на Мирослав Алексиќ, Зоран Јаковљевиќ, објасни дека Алексиќ во својата канцеларија со прсти сексуално ја злоставувал во ноември 2012 година.

Таа повторила дека ја злоставувал и силувал додека во друга соба имало други деца.

– Носев палто. Ме повика да влезам во канцеларија. Со поглед следеше сите деца да влезат во студиото и да почнат да го рецитираат Оче наш. Со едната рака ме зграпчи за тилот, со другата за задникот и го турна неговиот јазик во мојата уста. Се борев и се обидов да го оттурнам. Потоа пенетрираше со прстите во мојата вагина, прво со еден, па со два, па со три прста. Ме болеше. Беше груб, од болка се подигнав на прсти – рекла актерката во текот на потресното сведочење.

Инаку, и денешното судење се одвивало во тензична атмосфера, при што судијата повеќепати го опоменал бранителот на Алексиќ, пишува српски „Курир“.

Судењето било прекинато, а на крајот бил казнет со 100.000 динари, бидејќи во еден момент реагирала и самата Милена, додека стоела зад говорницата.

– Зошто ми се смее – реагирала актерката на смеењето на адвокатот Јаковљевиќ.

– На публиката. На една глумица во публиката нешто ѝ велам – одговорил Јаковљевиќ, кој претходно на некого од публиката му се обратил со зборовите „ќе глумиш и ти овде еден ден“.

– Адвокатот Зоран Јаковљевиќ се казнува со 100.000 динари за крајно непочитување на дисциплината, без разлика што повеќепати е опоменуван – рекол судијата Зоран Божовиќ и одредил 15-минутна пауза.

Милена Радуловиќ пристигнала на суд со своето момче, како и со актерите Милан Мариќ и Андрија Милошевиќ.

Во судот пристигнал и Мика Алексиќ, во друштво на поранешниот фудбалер Дуле Савиќ

 

 

Слични објави

(Видео) Главна на Јадранот – Јована Јеремиќ заплива во морето во светкаво бикини

Еспресо

Малкумина го знаат ова: Со што се занимавала Емина Јаховиќ пред музичката кариера?

Еспресо

Палми, базен и висока ограда — Ана Севиќ ужива во луксузната вила, ја чува обезбедување 24 часа на ден

Еспресо

(Фото) Ќерката на Гоца Тржан блесна на матурата — убавата Лена беше како холивудска ѕвезда

Еспресо

(Фото) Ана Стојанова ги полни батериите во Турција — згодната инфлуенсерка никогаш не била во подобра форма!

Еспресо

Нова ѕвезда на регионалната сцена – која е атрактивната русокоса од спотовите на Јаков Јозиновиќ?

E.A.
Се вчитува....