17.8 C
Скопје
11:40 - 3 мај, 2024

(Фото) Карлеуша удри по Сека и Богољуб Кариќ: Посочи виновници за нејзиниот развод со шокантни тврдења!

Српската пејачка Јелена Карлеуша од неодамна силно го поддржува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, иако во минатото не беше баш така.

Јелена сега преку социјалните мрежи, гостувања во емисии и на разни други начини изразува симпатии кон Вучиќ и ги навредува сите кои имаат поинакво мислење.

Пејачката сега на Инстаграм го прозва и Богољуб Кариќ за наводно предавство на актуелниот претседател на Србија.

Имено, Кариќ реагираше на твитот на пејачката Сека Алексиќ која објави видео од протестот „Србија против насилството“. Тој напиша: „Сека кралица“, што беше доволно за Карлеуша да се нафрли по него.

Иако Богољуб објасни дека неговата реакција е само израз на поддршка за неговата „долгогодишна пријателка“, и дека нема ни збор за предавство, Јелена грубо го обвини за разводот од нејзиниот прв сопруг Бојан Кариќ, како и за многу други работи.

„Богољуб Кариќ. Уште една бизарна приказна меѓу многуте што се случуваат деновиве во нашето општество е предавството на Богољуб Кариќ. Го изневери токму оној кој му даде шанса да се врати во земјава откако претходната власт го прогони. Еден бизарен твит на не многу интелигентен, но многу перфиден опортунист на уште побизарен твит на несвесна пејачка, ја разоткри суштината. Србите се предавници. Србите не се лојални и Србин му забива нож во грб на Србин. Посебно ако е грбот на човекот кој ти го спасил дебелиот, мрсен, милијардерски задник. За Богољуб нема рафално да го искажам своето мислење, бидејќи имам почит кон Бојан Кариќ. Мојот поранешен сопруг. Го сакав и го почитував неговиот покоен татко Сретен“, напиша Карлеуша.

„Богољуб Кариќ е човекот кој направи се за да се разведам од Бојан. Тој договори телохранител да дојде на нашата врата во 7:15 наутро и да ми ги покаже пораките што никогаш не сум ги пратила. Богољуб беше сопственик на мобилната телефонија. Бев немоќна. Мојот тогашен сопруг му поверува на „чичко Боги“ затоа што „сите пејачи се к*рви“. Телохранителот доби автомобил, така слушнав. Јас добив медиумски линч и развод“, продолжи пејачката.

„Никогаш не го изневерував Бојан. Нека е здрав и жив Бојан и неговото прекрасно семејство. Но Богољуби?! Кој ми ја носеше Цеца да ми се смее пред нос на семејни веселби, иако ттука седеше и татко ми кој ја уапси во „Сабља“ за дружење со убијците на премиерот? Не постои таков морален кодекс. Секако дека му заби нож во грб на Вучиќ. Таквите луѓе секогаш им забиваат нож во грб на сведоците на нивното минато, корупција и лигавење“, заклучи Јелена Карлеуша на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Слични објави

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо
Се вчитува....