15:33 - 8 ноември, 2026

(Фото) Кајли Џенер и Тимоти Шаломе „уловени“ како се бакнуваат во јавност: Екс-сопругот на Кајли ги гледа и љубомори

Раперот Тревис Скот бил меѓу публиката на концертот на Бијонсе, на кој присуствувале и неговата поранешна партнерка Кајли Џенер (со која има две деца) во друштво на нејзината нова љубов глумецот Тимоти Шаламе.

Еден од присутните на концертот на социјалните мрежи објави видео каде во толпата се гледа раперот Тревис Скот како стои недалеку од ВИП ложата во која биле Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, што значи дека можел да ги види како се бакнуваат.

На 4 септември, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе првпат се појавија заедно во јавност, по гласините за врска. Актерот и моделката беа заедно и на концерт на Бијонсе во Лос Анџелес. По концертот во американските медиуми беа објавени фотографии на кои Џенер и Шаламе се бакнуваат во ВИП ложата.

Романсата на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе првпат излезе на виделина откако раблоидот DeuxMoi објави фотографии од парот на забава после ревијата на Жан Пол Готје во Париз. Извор близок до парот за таблоидот тогаш тврдеше дека Тимоти и Кајли заедно ја дочекале и Новата година во Аспен, а потоа се одморале на островите Туркс и Кајкос.

Кајли Џенер и Тревис Скот почнаа да се забавуваат во 2017 година, а една година подоцна парот ја доби ќерката Сторми. Во октомври 2019 година, Кајли и Тревис објавија дека прават „пауза“ во нивната врска, а во јуни 2021 година повторно беа заедно. Во февруари 2022 година, парот доби син, кој го нарекоа Ер. И покрај раѓањето на нивното второ дете, Џенер и Скот конечно се разделија во јануари 2023 година.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....