3.8 C
Скопје
20:04 - 7 февруари, 2025

(Фото) Докторка по медицина, „докторка“ и за цвеќиња: На гости кај Васка Трајкова во бајковитото село Мокрино

Ни беше чест и задоволство да се подружиме и поразговараме со Васка Трајкова, доктор по медицина, но и „докторка“ за одгледување цвеќиња – хоби со кое се занимава од рана возраст, а активно во дворот во село Мокрино веќе цели 12 години.

Јаворот на влезната порта е стогодишно дрво кое како верен чувар на времето неуморно ни дарува сенка. Фото-приватна архива

– Дворчето е 400м2 во семејната куќа (сега наша викендица) на мојто сопруг Мирчо, во селото Мокрино под бујната и мокра планина Беласица, тој родното огниште го памети по овој двор и цвеќињата одгледувани во него со генерации – ни открива Васка.

Во дворот има повеќе децениски цвеќиња уште од свекрвата на Васка, како зумбули и нарциси, кои – како што ни опишува нашата соговорничка – секоја пролет повторно излегуваат и со тоа ги навраќат спомените на едно безгрижно детство.

– Јаворот на влезната порта е стогодишно дрво кое како верен чувар на времето неуморно ни дарува сенка. Убавината на дворот е заслуга на сопругот, по професија зем.инженер, тој е одговорен за сезонското цвеќе, сарделите се негово хоби, а мои се секулентите и кактусите(понезахтевните) – ни раскажува Васка.

Според Васка, дворот не е премногу захтевен, но бара секојдневно одржување по минимум половина час.

– Покрај цвеќињата имаме и ароматични билки – нане, мента, рузмарин, мајоран, жалфија, маточина и лаванда која мојата ќерка посебно ја обожава, а од цвеќиња на сонце од нашиот двор би ги издвоила розите, секулентите и кактусите кои редовно цветат овде; балконско цвеќе пак, сарделите – ни набројува таа и додава дека најголем предизвик кога дворот е во прашање е одржување на балнс и хармонија помеѓу имање миленичиња (маче и желки) и растенија.

Совет за оние кои сакат да почнат со одгледување на цвеќиња?

– Би било убаво да почнат со немногу захтевни, доколку немаат доволно време секој ден да се посветат на ова прекрасно хоби, како стартни цвеќиња би ги посочила секулентите и ранопролетните цвеќиња кои се повеќегодишни и излегувааат сами – советува Васка.

Инаку, Васка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот во село Мокрино.

Фото – приватна архива

(Фото) Кај Виолета во село Марена, сè мириса на цветен парфем па дури и нејзиното име!

Слични објави

Легендарната Ева Рас за користењето дрога: „Бев на кокаин, не можев ниту да јадам, ниту да пијам“

Еспресо

(Фото) Северина во сукња како пешкир: „Следи сезона на судови, па се подготвив со аутфит…“

Еспресо

Сватовите ќе мора да потпишат бизарен договор! Розга им постави услов на гостите!

Еспресо

(Фото) Брутално издание на Сања Маринковиќ! Градите во прв план, на 51 година го покажа совршеното тело!

Еспресо

(Фото) Прво печатено издание на „Плејбој“ по пет години

Еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ проговори за својата венчавка: Сонувам да бидам мајка и да правам свадба на остров

Еспресо
Се вчитува....