19.8 C
Скопје
12:02 - 19 октомври, 2026

(Фото) Кај Виолета во село Марена, сè мириса на цветен парфем па дури и нејзиното име!

Виолета Цветкова од село Марена, Кавадарци, е вработена во Aliance One, фабрика за обработка на суров тутун. Работи во две смени. Мајка е на ќерки, сопруга, и дама која е посветена на прекрасниот двор.

– Цвеќињата ги сакам отсекогаш. Од нив имам многу, и секогаш садам што и да ми дојде в раце. Дворот го уредувам сама, ја косам тревата, ги вадам цвеќињата, се грижам за да бидат убави, ги прскам ако има потреба, а тие ми возвраќаат со нивната убавина – ни раскажува жената со име на цвет, Виолета.

Дворот е со големина од 1.000 квадратни мети и е поделен во два дела, пред и позади куќата. Напред се убавините за очи, а назад – убавините за душа. Разни овошки, зеленчук, фолија со пиперки и домати, компир, кромид…

– Од цвеќиња имам многу видови, но би ги издвоила сарделите, питуниите, трендафилите… Имам и вајгела, фотонија, диплоденија, леандер, јатрви, пустински рози, зимзелени дрвја и грмушки и многу кактуси – ни набројува само дел од нив Виолета.

Интересно е што ги наводува со вода од бунарот кој е вистински украс во дворот.

– Некои цвеќиња сакаат сонце, некоу сенка, трети пак, шарена сенка, а тоа кое цвеќе што сака го научив само со текот на годините, преку искуство – вели Виолета.

Таа работи во дворот по неколку часа секојдневно, зашто – вели – секое растение си сака свое внимание.

– Време не останува, но кога тоа те исполнува, ништо не е важно. Исто така, за да имаш многу цвеќиња требаат и финансиски средства за да ги купиш, да ги прехрануваш и негуваш. Секој кој има мерак и има простор може да одгледува цвеќиња, а може да се почне најпрвин со сардели, па кога ќе расцветаат следува она „па ајде уште нешто“, и така се почнува – искрена е Виолета.

Инаку, Виолета е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Виолета во село Марена.

Фото – приватна архива

(Фото) „Градинар се станува од љубов, а не поради помодарство“: Светлана Стојановска има двор од бајките во Богомила

Слични објави

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо
Се вчитува....