19:59 - 4 ноември, 2026

(Фото) Цеца со семејството се врати од Шпанија, „уловена“ на аеродром: Вељко седел зад воланот на бесното возило од 120.000 евра

Српската фолка пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, заедно со својот син Вељко, снаата Богдана и нивните деца, била на прославата за Ѓурѓовден, кај ќерката Анастасија и зетот Немања Гудељ во Шпанија.

Семејставата Ражнатовиќ и Гудељ си поминале незаборавно во Севиља, а потоа следувал и моментот кога се разделиле.

Екипата на српски „Блиц“ ја „уловил“ Цеца на белградскиот аеродром Никола Тесла.

Цеца пристигнала со своето семејство во Србија, а нејзиниот син Вељко седнал зад воланот на новото комбе на својата мајка, марка V Class Mybach, кое Цеца неодамна го купи за потребите на настапати и за кое платила околу 120.000 евра.

Да потсетиме, Анастасија претходно зборуваше за тоа колку многу ѝ недостасува семејството откако се пресели во Шпанија кај својот сопруг Немања.

– Бев принудена да зборувам на шпански во Севиља, бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да научам, имав претходно знаење од теленовелите. Најмногу ми недостасува мајка ми, ние двете сме многу блиски. Ние сме како најдобри другарки и сè што ми се случува прво ѝ го кажувам нејзе – изјавила неодамна Анастасија.

Фотографиите од пристигнувањето на Цеца и семејството на аеродромот можете да ги погледнете – ТУКА.

Слични објави

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.
Се вчитува....