19.8 C
Скопје
16:54 - 26 април, 2024

(Фото) Богат сопруг, брутално убиство, самоубиство, киднапирање… Различни судбини на убавиците на Мис Универзум

Оваа година титулата за најубаво девојка на престижниот натрпевар за убавина „Мис Универзум“, кој се одржа неодамна, ја доби Ар’Бони Габриел од САД. Габриел е родена во 1994 година во Хјустон, а влезе во историјата во декември 2021 година како прва Американка со филипинско потекло која ја освоила титулата Мис Тексас. Таа е моден дизајнер, модел и инструктор за шиење. Новата Мис Универзум е и извршна директорка на сопствената линија за облека. Како актуелна Мис Универзум, во текот на 2023 година таа ќе патува низ светот, активно ќе учествува во различни добротворни настани.

Но, како се развиваа судбините на победничките на овој натпревар откако круната на кралицата на убавината ќе ѝ биде предадена на следната убавица- победничка на Мис Универзум?

Се здебели, но почесто се смее

Индијката Харназ Каур Санду ја освои круната Мис Универзум за 2021 година, односно минатата година. Девојката е многу популарна во својата земја и е позната актерка. Сепак, оваа година, додека траеја етапите на новото натпреварување, се покажа дека Харназ значително се здебелила во текот на изминатата година. Ова предизвика сензација во светот на „тенките и витки“  професионални убавици. Самата Индијка, сепак, не се грижи за ова, напротив, вели дека почнала почесто да се насмевнува.

Мексиканката Алма Андреа Мезу Кармона најмалку ја носеше круната во историјата на Мис Универзум. Поради пандемијата на коронавирус која започна во светот, натпреварот за 2020 година се одржа во пролетта 2021 година. Затоа, круната мораше пребрзо да ѝ се пренесе на новата  сопственчка. Алма студирала за програмерка, па дури и малку работела во својата специјалност. Сепак, сега девојката не е подготвена за „здодевна работа“, туку таа постојано патува и гостинка е во разни телевизиски емисии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Meza (@andreamezamx)

Во 2019 година титулата најубава девојка во Универзумот ја освои Зозибини Тунзи од Јужна Африка. Кралицата на убавината со темна кожа стана вистинска славна личност во својата земја, а минатата година имаше голема улога во американскиот филм „The Woman King“ кој раскажува за борбата на Африканците со француските колонијалисти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zozibini Tunzi (@zozitunzi)

Инфлуенсерка и богат личен живот

Во 2018 година, круната ѝ припадна на Филипинката Катриона Греј. Сега девојката е ѕвезда на социјалните мрежи, има 13 милиони претплатници и богат личен живот. Прво се разведе од сопругот, познат филипински актер, потоа имаше афера со американски фудбалер, а нејзиното сегашно дечко е американскиот музичар Сем Милби. Греј почна и да пее, дури сними и неколку албуми, а често се појавува во ТВ емисии, и во жири на популарни емисии за убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catriona Gray (@catriona_gray)

За малку ќе била киднапирана, но богато се омажи

Деми-Леј Нел-Петерс од Јужна Африка по победата на натпреварот во 2017 година се омажи за познатиот американски фудбалер Тим Тебоу и го промени своето презиме. Кога Деми-Ли ја освои титулата Мис на Јужна Африка, таа за малку ќе станеше жртва на криминалци. Непознати лица ја нападнале во предградието на Јоханесбург, ѝ ги одзеле клучевите од автомобилот и се обиделе да ја киднапираат. Кревката девојка покажа сила на карактерот, го удрила во носот еден од напаѓачите и успеала да побегне. По нејзиниот успех на натпреварот на Мис Универзум, девојката започна да води семинари за самоодбрана за жени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi-Leigh Tebow (@demitebow)

Проклетството на убавината

За жал, не им одeло добро во животот на сите учеснички на овој престижен натпревар.

Животот на Нафиса Џозеф од Индија беше како бајка. Победа на натпреварот за Мис Индија-97, а потоа влезе во првите топ десет на Мис Универзум. Таа стана презентерка на каналот МТВ, глумеше во серии, се омажи за богат бизнисмен, создаде своја телевизиска компанија … И во 2004 година одеднаш си го одзеде животот. Што ја предизвикало на оваа одлука, никој не знае, но се верува дека се работи за нарушени семејни односи.

Застрелана од бандити

Во 2005 година, петтото место на изборот за Мис Универзум го зазеде Моника Спир од Венецуела. Кариерата на убавицата веднаш тргна нагорно, таа глумеше во ТВ емисии, се пресели во Мајами. И сè функционираше со нејзиниот личен живот како што треба, убавицата беше среќна во брак. Во 2014 година, кога Моника имаше 29 години, отиде во Венецуела со сопругот и петгодишната ќерка да го посети семејството. По пат автомобилот им налетал на остар предмет, гумите се дупнале…. Семејството чекало помош покрај патот кога биле нападнати од вооружени бандити. Моника и нејзиниот сопруг биле застрелани од автомат, а малата ќерка за чудо преживеала ранета во ногата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MISSVZLAVV ♛ (@missvzlavv)

Починала од маларија

Во 2006 година, Мофја Чизенга ја претставуваше Замбија на изборот за Мис Универзум. За жал, нејзиниот живот исто така заврши со трагедија. За време на бременоста се заразила со маларија и починала веднаш по породувањето, на 28-годишна возраст.

Првите ластовички

Изборот за Мис Универзум се појави откако некои натпреварувачки за Мис на светот одбија да носат костими за капење обезбедени од спонзорските компании во раните 1950-ти. И во 1952 година се појави алтернативен натпревар, кој стана многу популарен токму поради неговиот опсег.

Првата „Мис Универзум“ во 1952 година беше претставничката на Финска Арми Куусела, сега има 88 години. Убавицата беше во брак двапати. Првиот пат се омажи за филипински бизнисмен, помалку од една година по натпреварот. Кралицата на убавината мораше да се откаже од титулата и круната пред време, бидејќи Мис Универзум не треба да биде „Госпоѓа“. Двојката живееше заедно 22 години, а за тоа време семејството се прошири со дури пет деца. Во 1975 година, сопругот на Арми ненадејно починал од срцев удар. Неколку години подоцна, Арми повторно ја нашла среќата со тоа што се омажила за американски дипломат.

Во 1953 година, круната ѝ беше доделена на Французинката Кристијане Мартел. Кариерата ја продолжи како актерка. Нејзиниот втор сопруг беше син на претседателот на Мексико, со кого доби син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)

.

Третата победничка на натпреварот  е Американката Миријам Стивенсон која сега има 89 години. По победата таа среќно се омажила и родила две деца.

Слични објави

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо
Се вчитува....