21:16 - 8 ноември, 2026

(ФОТО) БЛАГИЦА ПАВЛОВСКА ГО ПРОСЛАВИ 63-ТИОТ РОДЕНДЕН: Пет торти со икони, една со нејзиниот лик и интимна прослава со многу музика

Нашата позната пејачка на народна музика Благица Хаџи Павловска или попозната само како Благица Павловска вчера го прослави својот 63-ти роденден. Во домашна атмосфера пејачката ги собра своите најдраги пријатели и со песна како што доликува го одбележа својот роденден.


Нашата познатата водителката и инфлуенсерка Лила, беше дел од гостите на прославата, а на својот инстаграм – профил водителката сподели и прекрасни кратки видеа на кои Благица ги забавува гостите со своите безвременските хитови.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Лила, како и сите присутни уживаа во песните на Павловска кои пејачката како и секогаш со многу емоции ги испеа, но овој пат по повод својот роденден. Една роденденска прослава не може без роденденска торта, а Благица за своите гости имаше дури шест роденденски торти.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Како голем верник, пет од роденденските торти на пејачката беа украсени со ликовите на дел од христијанските светци, Бог и Пресвета Богородица, а шестата торта беше украсена со виолетови рози и фотографија од пејачката. На една од тортите пишува Бог е љубов, а роденденот на Благица е на еден голем христијански празник Пресвета Богородица – Пречиста.

Павловска во текот на својата кариера настапуваше соло, но и како дел од групата „Четири грации“ каде покрај неа се и познатите македонски фолк – пејачки Адријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.

Среќен роденден Благица!

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....