10.8 C
Скопје
01:06 - 14 октомври, 2026

МАГИЈА ВО ДВОРОТ И ДОМОТ НА ВИКТОРИЈА: Сакам сè да блеска и да биде волшебно!

Викторија Паратикова работи како диспечер за американска компанија, а цвеќињата отсекогаш ги сакала. Искрена е и вели дека за цвеќињата повеќе од неа грижа водат свекорот и свекрвата бидејќи тие имаат повеќе слободно време.

фото-приватна архива

Дворчето се наоѓа во Радовиш, а изобилува со разновидни цвеќиња.

– Најмногу ги обожуваме трендафилите кои ги имаме речиси во сите бои. Одржувањето на цвеќето си бара посебно внимание и нежност и мораме, ако не секој ден, барем преку еден ден да одвоиме најмалку по еден час за негова нега. Зимно време цвеќињата ги ставаме во просторија каде што не можат да замрзнат и ги чуваме колку што можеме – ни открива Викторија.

Младата дама ги советува оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со цвеќиња да почнат со трендафили.

Како голема обожавателка на празничната сезона, Викторија веќе се погрижила за украсувањето на дворот и на домот.

– Ги обожувам новогодишните декорации и тоа ми стана хоби од пред шест година, откако се преселив да живеам во Америка. Таму сè е магично украсено, и оттогаш секоја година оделувам од домашниот буџет за да купам украси што ми се допаѓаат бидејќи навистина во тој период од годината сакам дома сè да блеска и да биде волшебно, низ насмевка ни кажува Викторија.

Инаку, Викторија е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

КАЈ Е СЕВЕР? КАЈ Е ЈУГ? Ова срце како компас расипан, овие балкони само ги покажува

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО) МЕРИ МРМАЧОВСКА, ДОБРАТА ВИЛА НА ПРАЗНИЧНАТА СЕЗОНА: Нека е и мала елката, најволшебна е кога е природна, а потоа засадете си ја надвор!

Слични објави

Хаос на српската естрадата: Дечкото на Мина Костиќ, Каспер, ја тужи Јована Јеремиќ!

apostolova

Ава Карабатиќ се смири со бившиот што ја претепа: „Планираме дете“

Еспресо

(Фото) Станот на Данијела Димитровска изгледа како приватен моден салон: Има посебна витрина за скапоцени чанти

apostolova

(Фото) Оваа убавица е новата девојка на Марко Јариќ? Поранешниот кошаркар излезе на вечера со ќерките и партнерката

Еспресо

Тарик Филиповиќ објави ретка фотографија со синот Арман – уживаа на посебно место

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум откри што најмногу ја боли: За жал, не сум во добри односи со мојот син

Еспресо
Се вчитува....