11:32 - 29 ноември, 2026

Еминетни доктори прогнозираат уште колку ќе трае коронавирусот во „Еден на Еден“

За тоа како нашите секојдневни навики влијаат на ширењето на заразата од коронавирусот и што не очекува понатаму, во Еден на Еден ќе зборуваат тројца еминентни доктори.

Поради новонастанатата ситуација со Ковид-19, Жаре сними уште една емисија од дома, наречена „Седи си дома 2“, со корисни стручни мислења од Проф. Д-р. Никола Пановски, професор по микробиологија, Проф. Д-р. Драган Даниловски, професор по епидемиологија и Д-р. Славица Арсова, психијатар.

Професор Пановски меѓу другото зборуваше за секојдневната рутина: одењето во маркет, навиките во лифт, што грешиме при вакви секојдневни активности.  Пановски нагласи дека иако во овој период имаме многу информации за коронавирусот, секој од нас различно реагира, бидејќи секој е случај за себе, а даде и зачудувачки примери од нашата пракса. Деталите ќе ги дознаеме во недела, на Канал 5 од 18.30.

Проф. Даниловски зборуваше за тоа колкав е всушност реалниот број инфицирани и што би значело ако се применат статистичките пресметки во однос на растот на бројот на случаи т.е. каде ќе бидеме во блиска и средна иднина. Секако даде и своја прогноза за тоа како ќе изгледа збогувањето со кризата, кога ќе дојде до тоа.

Д-р. Арсова даде корисни совети за стравот – психолошкиот момент кој зема данок кај сите нас и како полесно да се справиме со него во со него во овие мигови.

Во продолжение, погледнете ја најавата за „Седи си дома 2“, пред да ја гледаме целата, во недела, на Канал 5 од 18.30.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....