15:03 - 10 август, 2026

(Видео) Дарко Димитров на преубав начин ѝ го честиташе роденденот на својата мајка

Еден од најпопуларните македонски композитори, текстописци и музички продуценти, врвниот Дарко Димитров, чија слава е надалеку позната, постојано изненадува.

Дарко Димитров со сопругата Маја има две ќерки, Лара и Мона, а иако приватните моменти ретко ги споделува јавно, одвреме-навреме објавува фотографии и видеа со најблиските.

Неодамна Димитров ни покажа дека знае одлично да пее. Потсетуваме дека тој се појави на јубилејниот концерт на „Нокаут’“ каде што ја изненади својата публика со преубавиот глас.  За него ова  можеби и не е неочекувано со оглед на тоа што во „крвта му тече музика“, и според фактот дека  му е син на легендарниот Славе Димитров.

Летово Дарко покажа и како вешто се снаоѓа со возење е-фоил, односно електрична даска.

Instagram

Денеска на својот инстаграм-профил сподели преубаво емотивно видео по повод роденденот на неговата мајка Лилјана Димитрова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Dimitrov (@darkodimitrov)

„Среќен роденден, мама. Те сакам“, напиша Димитров на Фејсбук.

На ова  видеото Лилјана и Драко танцуваат на евергринот „Бакни ме“ од Сашка Петковска. По изразот на нивните лица се гледа дека одлично си поминуваат. Можеме да забележиме дека Дарко е и одличен танцувач, нели?

Лилјана ретко се појавува во јавноста, па ваквите семејни моменти на познатиот композитор се особено емотивни за него. Таа е сопруга на легендарниот македонски композитор, аранжер и пејач Славе Димитров и мајка на Дарко и Оливер Димитрови.

 

 

 

Слични објави

(Видео) Вељко и Богдана Ражнатовиќ пловат по река – околу нив природа која одзема здив

Еспресо

(Видео) Зуица Лазова блесна на сцената – Охрид ечеше со звуците на „Македонско девојче“

Еспресо

(Фото) Исплива фотографија на Верица Ракочевиќ од 1966 година – српската дизајнерка била една од најубавите девојки во Белград

Еспресо

(Фото+видео) Носталгичен настап — Елена Ристеска ја испеа „Нинанајна“ на концертот по повод 35 години независна Македонија

Еспресо

(Видео) Хаос пред настапот на Јелена Карлеуша во Хрватска, пејачката се огласи: „Никогаш не сум била против хрватскиот народ“

Еспресо

(Фото) Каролина Гочева без шминка на одмор — на 46 години воодушевува со младоликиот изглед

Еспресо
Се вчитува....