33.8 C
Скопје
12:54 - 31 август, 2026

(Видео) Дарко Димитров на преубав начин ѝ го честиташе роденденот на својата мајка

Еден од најпопуларните македонски композитори, текстописци и музички продуценти, врвниот Дарко Димитров, чија слава е надалеку позната, постојано изненадува.

Дарко Димитров со сопругата Маја има две ќерки, Лара и Мона, а иако приватните моменти ретко ги споделува јавно, одвреме-навреме објавува фотографии и видеа со најблиските.

Неодамна Димитров ни покажа дека знае одлично да пее. Потсетуваме дека тој се појави на јубилејниот концерт на „Нокаут’“ каде што ја изненади својата публика со преубавиот глас.  За него ова  можеби и не е неочекувано со оглед на тоа што во „крвта му тече музика“, и според фактот дека  му е син на легендарниот Славе Димитров.

Летово Дарко покажа и како вешто се снаоѓа со возење е-фоил, односно електрична даска.

Instagram

Денеска на својот инстаграм-профил сподели преубаво емотивно видео по повод роденденот на неговата мајка Лилјана Димитрова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Dimitrov (@darkodimitrov)

„Среќен роденден, мама. Те сакам“, напиша Димитров на Фејсбук.

На ова  видеото Лилјана и Драко танцуваат на евергринот „Бакни ме“ од Сашка Петковска. По изразот на нивните лица се гледа дека одлично си поминуваат. Можеме да забележиме дека Дарко е и одличен танцувач, нели?

Лилјана ретко се појавува во јавноста, па ваквите семејни моменти на познатиот композитор се особено емотивни за него. Таа е сопруга на легендарниот македонски композитор, аранжер и пејач Славе Димитров и мајка на Дарко и Оливер Димитрови.

 

 

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ отворено за колешките кои ѝ го свртеа грбот по породувањето

Т.Ц.

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото+видео) Милица Тодоровиќ очи в очи со поранешниот партнер на настан во Белград: Со години не се виделе, сите зборуваат за оваа средба

Еспресо

Хороскоп за 31 август: Јарците ќе патуваат со партнерот, Девиците ќе имаат успех кај надредените

Еспресо

(Фото) Цеца пристигнала да го бодри Вељко на боксерскиот натпревар во стајлинг од 17.700 евра, под рака со својот татко Слободан

Еспресо
Се вчитува....