23.8 C
Скопје
16:56 - 29 март, 2024

(ВИДЕО) Докажано: Амбер сепак имала врска со Џејмс Франко додека била во брак со Џони Деп

Нови пресврти следат еден по друг во судскиот процес за клевета на Џони Деп против Амбер Херд (со побарување од 50 милиони долари). По серијата сослушувања во кои двајцата протагонисти го нахранија светот со страшната кошмарна брачна позадина полна со насилство, крв и деградација, сега сите очи се насочени кон Џејмс Франко, кој имал љубовна афера со Амбер Херд во времето на нејзиниот брак со актерот од Пиратите од Карибите, барем според она што Деп го кажува.

Во судот во Ферфејкс, Вирџинија, Амбер рече дека нејзиниот поранешен сопруг „за малку ќе ја убиел“ во 2015 година, во воз, за време на нивниот меден месец, токму затоа што дознала дека ѝ била понудена улога во филм со Џејмс Франко.

„Долго ме тресеше со рацете околу мојот врат од прозорецот на вагонот, мислев дека може да ме убие“.

Сега адвокатите на Деп се тие кои го убедуваат Џејмс Франко да влезе во судницата, иако тој пред само две недели се изјасни, веднаш по Елон Маск, дека не сака да сведочи. Франко пак, минатиот декември беше во центарот на медиумите затоа што по долгогодишно молчење призна дека има зависност од секс, дека имал секс со своите ученики од курсевите за глума, и дека ги изневерил сите свои девојки, освен сегашната Изабел Пакзад.

Адвокатите на Џони Деп тврдат дека Амбер го поканила Франко во нејзината куќа ноќта пред да поднесе барање за развод. За да го докажат ова, адвокатите на Деп пуштија видео во судницата, снимено од безбедносна камера вечерта на 22 мај 2016 година. На видеото се гледаат Амбер и Џејмс Франко заедно во лифтот во пентхаусот во Лос Анџелес на поранешната двојка Херд-Деп. Таа во одреден момент ја потпира главата на неговото рамо. Потоа заедно излегуваат од лифтот. Амбер пред судиите потврди дека човекот на видеото е Џејмс Франко. И таа призна дека го поканила кај неа дома. Следниот ден, 23 мај 2016 година, таа поднесе барање за развод од Деп.

Амбер во судницата изјави дека таа и Франко, кој во тоа време живееле во иста зграда со неа, едноставно биле „пријатели“:

„Тој живееше во станот до мојот и во тој момент навистина ми требаше пријателство“. Но, Деп, продолжи актерката, „ме обвини дека имам тајна врска со него. Го мразеше, навистина го мразеше Џејмс Франко“.

Видеото прикажано во судницата, сепак, според одбраната на Деп ќе послужи во полза на тужбата за клевета од 50 милиони долари против ѕвездата на „Аквамен“. Деп ја тужи својата поранешна сопруга, барајќи отштета од 50 милиони долари за написот објавен во Вашингтон пост во кој таа го обвини Деп за семејно насилство. Судењето, кое започна на 12 април, продолжува. И како и да заврши, секако ќе остане запаметено како едно од најтешките во Холивуд.

Слични објави

Сопругот на Нада Топчагиќ откри нови детали за нејзината здравствена состојба: Ја напуштила болницата, а еве каде е сега

Еспресо

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо
Се вчитува....