21:25 - 8 ноември, 2026

Џорџ и Амал Клуни открија дел од домашната атмосфера: „Нашите деца слушаат хеви метал“

Во едно ретко интервју, јавноста доби увид во секојдневието на познатиот актер Џорџ Клуни (62) и неговата сопруга Амал Клуни (45), во кое парот отворено зборуваше за своите шестгодишни близнаци Ела и Александар, како и за тајните на нивниот брак.

Амал за Access Hollywood открива дека нивните две малечки покажуваат страст за музиката, особено за рокот. Но, Џорџ изненади многумина кога призна дека почнал да им пушта хеви метал музика на своите деца.

– Нашите деца слушаат хеви метал. Тие се вистински хедбенгери. Можеби не е чист хеви метал, но е доволно гласен за да можат да ги тресат главите. За жал, немаме музички талент. Ги уништивме – на шега искоментира Џорџ.

Џорџ и Амал се во брак девет години, а во претходното интервју за CBS ја открија својата тајна за среќен брак. Љубовта е клучна за нив.

– Сè започнува со љубов. Тоа е целата тајна. Едноставно беше лесно – објасни Клуни.

Овој редок увид во семејниот живот на еден од најпознатите холивудски парови носи нова перспектива за нивните улоги како родители и партнери.

Семејството Клуни покажаа дека е важно да се поддржуваат интересите на децата, дури и ако тоа значи да се поднесува хеви метал музика во семејниот дом.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....