20.8 C
Скопје
19:37 - 29 септември, 2026

Данскиот принц Густав по судска битка (конечно) се ожени со жената што ја сака – писателката Карина Акселсон

Внукот на кралицата Маргрета II ја донесе пред олтар историската придружничка, писателката Карина Акселсон, со која е во врска околу две децении, по долгогодишна борба на суд поради вероисповедтка на жената што ја сака и поради тоа што таа нема „сина крв“, аманет оставен во тестамент од дедо му.

Данска слави нова кралска венчавка. Принцот Густав од Сајн-Витгенштајн-Берлебург (53), внук на кралицата Маргрета Втора, (конечно) ја донесе пред олтар својот историски придружник: американската писателка Карина Акселсон со која е во врска околу дваесет години.

Среќниот крај дојде по долго и проблематично патешествите. Всушност, дедото на Август во тестаментот утврдил дека неговиот внук, за да не ги загуби своите династички права или замокот Берлебург во Рајнската област, мора да се ожени со жена од „ариевската раса“, благородна и протестантка. Карина не исполнува ниту едно од условите. Родена од мајка Мексиканка и татко Швеѓанец, таа нема ни капка сина крв и е католик. По долги години борби на суд, Густав успеал да ја отстрани од тестаментот на неговиот дедо клаузулата што го спречувала да се ожени со жената што ја сака.

Кралската венчавка, интимна и приватна, се одржа во недела на 5 јуни во капелата на замокот Берлебург чиј сопственик е принцот Густав. Сведоци на сопружниците се принцезата Мери Доналдсон и нејзиниот сопруг, престолонаследникот Фредерик кој еден ден ќе биде крал на Данска. По кажаното „да“, Карина и официјално стана принцеза Сајн-Витгенштајн-Берлебург.

Карина и Густав се запознале на вечера во 2003 година и оттогаш не се разделуваат. Таа, од самиот почеток беше пречекана со раширени раце од кралското семејство, а во едно интервју во 2017 година објасни: „Да не се биде во брак со Густав не е проблем. Тој е човекот на мојот живот, единствениот со кој сакам да бидам“. На истата бранова должина е и нејзиниот сопруг, кој пред некое време изјави: „Карина и јас сме во врска долго време. На љубовта и наклонетоста не им треба потврда за брак“.

Но сега, стигна и тоа.

 

Слични објави

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо
Се вчитува....