31.2 C
Скопје
12:17 - 21 јуни, 2026

Чарли Шин лут на ќерка си што отворила профил на ОнлиФанс, „ова не се случи под мој покрив, туку кај мајка ѝ“; мајката ја брани: „одлука не е донесена според ставот на куќата во која живее“

Чарли Шин не го оправдува изборот на неговата ќерка да отвори профил на социјалната платформа ОнлиФанс.

Актерот збесна откако 18-годишната негова најстара ќерка Сами Шин, со одобрување на поранешната сопруга Дениз Ричардс го промовираше својот нов профил на веб страницата за за возрасни. Ја замолил да не го „жртвува својот интегритет“.

56-годишниот актер истакна дека профилот го отворила Сами додека била во домот на нејзината мајка Дениз. Тој додаде: „Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Оваа работа не се случи под мојот покрив “.

Денис подоцна одговори со друга изјава за медиумите, објаснувајќи дека нејзината ќерка направила избор за себе. Таа рече: „Сами има 18 години и оваа одлука не е донесена врз основа на ставот на куќата во која живее. Сè што можам да направам како родител е да ја гледам и да ѝ верувам на нејзиното расудување, но таа сама носи одлуки“.

Сами минатиот понеделник преку Инстаграм објави дека го отворила профилот. Нејзината мајка ја коментираше објавата со порака за поддршка. Таа напиша: „Сами, секогаш ќе те поддржувам. Те сакам”.

Чарли и Дениз беа во брак од 2002 до 2006 година и имаат уште една ќерка Лола (17). Дениз е и мајка на Елоиз, која има 10 години.

„Со мојот профил на ОнлиФанс заработувам повеќе од политичар“, Наоми открива кои се желбите на нејзините следбеници на кои им ги покажува нејзините „благодети“

 

Слични објави

Бојан Илиевски е победник на 19. сезона на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ искрена за „Ѕвездите на Гранд“ — многу сум образована и не го брукам својот народ

apostolova

Дневен хороскоп за 21 јуни: Пред вас е ден полн со предизвици, бидете внимтелни

apostolova

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova
Се вчитува....