5.8 C
Скопје
04:00 - 21 април, 2026

„Со мојот профил на ОнлиФанс заработувам повеќе од политичар“, Наоми открива кои се желбите на нејзините следбеници на кои им ги покажува нејзините „благодети“

Се повеќе професионални модели отвораат профил на ОнлиФанс. Што прават таму? Ги покажуваат своите благодети на своите следбеници, секако за пари. И да, заработуваат прилично многу, повеќе од политичарите. 

Наоми Де Крешенцо е втората најпозната Италијанка на OnlyFans. Сексапилната инфлуенсерка се отвори за својата работа пред камерите, во емисијата на Џузепе Бриндизи, водител на ток-шоу, кој не ја поштеди на најважните прашања: заработка, посебни барања, страв од ризиците кои ги носи овој тип на работа. Наоми, која има 620.000 фанови на Инстаграм, рече: „Заработувам повеќе од политичар и ваквата работа не ме загрижува, има достоинство како и сите други работи“. Плаќа редовно даноци кои како што вели се „повеќе од 40 отсто од мојата заработувачка“.

Обожавателите кои се претплатиле на приватниот сервис на Наоми Де Крешенцо поставуваат посебни барања, но и апсолутно легитимни, како на пример едноставно сакаат да разговараат со неа. Другите, пак, плаќаат за да бидат повикани на онлајн средба со неа.

– Што прават со мене? Некои само сакаат да разговараат. ОнлиФанс е забавна страница. Би можела да бидам и готвачка, но тоа не е мојот случај. Постирам еротска содржина. Она што веројатно ме разликува од порно актерките е фактот дека сум реална, дека сум една од нив – искрена е таа.

Наоми рече дека е свесна за фактот дека тоа што го прави исто така вклучува ризик, но знае дека и таа е заштитена од самата платформа. Таа не е придружничка: „Моето главно правило е да не запознавам никого“.

– Многу сум свесна што правам, тоа е мојот клучен збор. Кој ќе почне да се занимава со оваа работа мора да биде свесен за сите ризици. Интернетот е опасен свет. Чудни барања? Да, апсолутно. Лични средби, апсурдни работи, но не се среќавам. Јас не комуницирам и платформата ме штити бидејќи секој од корисниците е таму со регистрирани документи – открива сексапилната Наоми.

Се повеќе професионални модели отвораат профил на ОнлиФанс. Една од последните беше Дајане Мело, но тука е и профилот на Денис Досио и на Малена, најпознатата порно ѕвезда во Италија.

 

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....