13.8 C
Скопје
16:00 - 17 октомври, 2026

За Роналдо се затвори судскиот случај за силување (кое не се случило) на манекенката Кетрин Мајорга

Одлуката од судијата која беше донесена вчера беше очекувана и конечно може да се стави крај на обвинувањата за силување покренати против Кристијано Роналдо.

Минатиот октомври, судијата задолжен за граѓанската постапка побара отфрлање на случајот, а вчера окружниот судија на Лас Вегас, Џенифер Дорси, ја прифати „препораката“ и ја отфрли тужбата поднесена од поранешната манекенка Кетрин Мајорга која тврди била силувана во 2009 година. Во кривичната постапка пак, обвиненијата против португалскиот шампион веќе беа отфрлени во 2019 година поради недостиг на докази.

Не само тоа. Судијата исто така утврди дека Роналдо бил жртва на штета на неговиот бизнис. Веќе пред неколку месеци, адвокатката на Кетрин Мајорга, Лесли Марк Стовал, беше обвинета дека постапила со „лоша намера“, врз основа на документи собрани нелегално,  преку Football Leaks (хакерски сајт кој открива договори и приватна преписка на фудбалерите).

Вчера, окружниот судија Џенифер Дорси на 42-те страници од својата одредба остро ја критикуваше адвокатката на манекенката за нејзиниот начин на работа.

„Заслужува тешка казна“, рече Дорси.

Поради тоа е затворена и граѓанската тужба што ја покрена манекенката Кетрин Мајорга од Невада, која сега има 37 години. Иако нејзините адвокати сè уште можат да се жалат. Од своја страна, ѕвездата на Манчестер Јунајтед секогаш ги отфрлаше сите обвинувања, зборувајќи за „целосно неважна“ врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FutbolArena (@futbolarena)

Во 2009 година, манекенката Кетрин Мајорга се јавила во полицијата во Лас Вегас за да пријави дека била силувана (од Роналдо), но не го спомнала името на нејзиниот напаѓач. Една година подоцна беше започнато посредување меѓу адвокатите на страните што доведе до тоа Роналдо да плати 375.000 долари во замена за обврска да се појави на суд.

Потоа, адвокатите на жената го прогласија тој договор за неважечки: потпишан, според нив, во услови на психолошки притисок. Беше поднесено дополнително барање за компензација од 65 милиони, а меѓу 2017 и 2018 година веста заврши прво во некои весници, а потоа се материјализираше преку јавно обвинение на наводната жртва против Роналдо, што доведе до отворање на кривична и граѓанска постапка.

Слични објави

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.
Се вчитува....