10:04 - 9 ноември, 2026

Гаспром скрати 40% од гасот за Германија, цените растат; Берлин: „Засега нема проблем“

Скратување од „технички причини“, но Германија губи речиси една четвртина од потребите за гас: рускиот гигант Гаспром најави намалување за 40% на испораките што пристигнуваат во Германија преку Северен тек 1: ќе може да испорача 100 милиони метри кубни гас дневно – наместо 167 милиони кои досега ги испорачуваше од рускиот гасовод.

Одлуката е, официјално, поврзана со недостигот на турбина на Сименс – блокирана со санкциите – но која ја исплаши Европа и пазарот со вртоглаво растечки цени.

Во официјалното соопштение на Газпром се објаснува дека на гасоводот – главниот што се користи за испораки од Русија – му недостасува парче што влијае на неговото функционирање, поради „доцнењето на испораките на поправката извршена од Сименс“.

Германската влада соопшти дека започнала со проверки: „Во моментов безбедноста на залихите продолжува да се гарантира“, изјави портпаролот на Министерството за економија, предводено од Роберт Хабек.

Сименс енерџи, германската групација која ја врши поправката во Монтреал, појаснува дека не може да ја врати турбината „поради санкциите наметнати од Канада против Москва, поради војната во Украина: двете влади се информирани и се работи на одржливо решение“.

Но, веста за намалувањето веднаш се одрази на пазарите: европскиот гас порасна веднаш по веста и го заврши денот со пораст на 97 евра (+ 16,3%) за мегават час, додека во Амстердам е достигнат врвот од 100 евра. Според главниот германски финансиски весник Handelsblatt, намалувањето е веќе започнато: со испорака од 112 милиони кубни метри преку гасоводот (односно 30% помалку од очекуваното).

 

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....