1.8 C
Скопје
09:41 - 19 февруари, 2026

„Celebrate Life“, 10-ти јубилеј – Не заборавајте да танцувате!

По повод 10-годишниот јубилеј на унисекс етикетата „Celebrate Life“ на графичкиот дизајнер Горан Костовски – ind.o.g, деновиве излезе новата ограничена серија Don’t forget to dance (Не заборавајте да танцувате). Оваа серија е посветена на моментите кога танцуваме и славиме убави нешта и е инспирирана од сите случувања од последнава година, а воедно е навраќање на првата серија реализирана во 2011 под името Dance around (Танцувај наоколу). За овој јубилеј, продуцирани се графики изработени на сито печат и маици во лимитирана серија. Фотосесијата и видеото https://youtu.be/oEHwLGwLAbM Dance around се дело на Ангела Стојковска од Frozen time drops, а на неа се појавуваат музичарот Матеј Фолц, Теодора и Виктор.

Фото: Приватна архива

„Celebrate Life“ е платформа за дизајнирање унисекс облека и разни дизајнерски предмети создадена во 2011 година како реакција на најтешките мигови на нашето општество. Секогаш давајќи надеж и поддршка за секого од срце, Celebrate Life има за цел да го менува секојдневието, па така во 2020 година се роди подкастот посветен на менталното здравје којшто досега има продуцирано 43 епизоди и може да се слушне на: http://www.anchor.fm/indog и на сите streaming платформи.

Фото: Приватна архива

Самоизолацијата и животот во пандемија отвори поемотивна страна последниве година и половина, па затоа и танцот е потсетник на патот кон себеспознавањето со намера да не бидеме сурови кон себе и да се посветиме на својот личен развој. Солидарноста е одлика на човештвото и никако не смееме да заборавиме дека светот и луѓето ќе се променат кога ние ќе станеме поодговорни за себе, за другите, за природата и животот, а дека емпатијата не е слабост!

Фото: Приватна архива

Слични објави

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.
Се вчитува....