15.8 C
Скопје
14:27 - 23 октомври, 2026

БЕРЛУСКОНИ татко на 86 години!? Неговата млада невеста веројатно е во блажена состојба

Според некои гласини, невестата на Ил Кавалиере чека дете. 

Симболичната венчавка меѓу Силвио Берлускони (86) и Марта Фашина (32) неодамна беше прославена во вилата Гернето, во Лесмо. Дури и без матичен службеник, „симболичната“ венчавка се одржа почитувајќи ги сите традиции на класичните свадбени церемонии: невеста во бело, гостите облечени во костуми,  обележани седишта, свечени маси, цвеќиња и подароци.

Берлускони носеше сино одело на Армани, додека Марта ги маѓепса сите во софистицираната бела венчаница, направена од дизајнерот Антонио Рива.

Според неколку новинарски извори, Силвио Берлускони и Марта Фашина наскоро би можеле да станат родители.

На 86 години, основачот на Медиасет не престанува да изненадува, а многумина сметаат дека со венчавкава тој си најде нова младост. На големо се шпекулира дека Марта е бремена.

И нема ништо чудно во тоа, зашто таа има само 32 години! А тој пак, е полн со енергија. Најпосле,  Чарли Чаплин доби дете во прилично длабока старост, а зборувам за пред 60 години! Денес со модерната медицина, и згора на тоа, со многу пари, многу е возможно Берлускони да стане татко.

Останува да видиме дали е реалност или се сепак, само гласини.

Слични објави

(Видео) Јелена Розга во најсекси издание досега! Поради еден детаљ, сите се прашуваат истото

Еспресо

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.

„Нема да поверувате колкава е разликата во години меѓу Брена и Боба“ — овој детал речиси никој не го забележал низ годините

E.A.

„Кажува добри работи за нејзини години“: Коки Јанков откри колку му значи мислењето на ќерката

Еспресо

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Хороскоп за 23 октомври: Бикови, поради една ситница ќе се чувствувате многу среќно

Еспресо
Се вчитува....