Пејачот Младен Бодалец (67), поранешен член на хрватската рок-група „Прљаво казалиште“, доживеал непријатен момент за време на неодамнешниот концерт во Германија, кога ненадејно паднал на сцената пред преполната сала. Настанот ги вознемирил присутните, а музичарите кои биле покрај него веднаш притрчале да му помогнат.
Инцидентот се случил во арената „Ем-Пе-Ха“ (MPH), додека бендот ја изведувал песната „Љубав је тако слијепа“. Бодалец се упатил кон работ на сцената и скокнал, но во тој момент ја изгубил рамнотежата и паднал на подот.
View this post on Instagram
Бидејќи пејачот веднаш престанал да пее, во салата настанала целосна тишина, по што се слушнале и вознемирени извиците на публиката.
Музичарите кои се наоѓале во негова непосредна близина веднаш се стрчале кон него за да проверат дали е добро.
Откако се увериле дека Бодалец не е повреден, следувал момент на олеснување, па неговите колеги во знак на радост и заедништво скокнале врз него.
Пејачот набрзо станал и без пауза го продолжил настапот. Продолжил да пее, да се движи по сцената и да комуницира со посетителите, покажувајќи дека падот не го спречил да го заврши концертот.
Инаку, Јасенко Хоура и Младен Бодалец од 2022 година повеќе не настапуваат под официјалното име „Прљаво казалиште“ (Prljavo kazalište), туку како „Хоура група“ (Houra Grupa).
До спорот дошло откако Хоура започнал самостојни проекти под името на групата, со што, според наводите, биле повредени правата на еден од основачите на бендот, Тихомир Филеш.
Трговскиот суд во Загреб тогаш донел привремена мерка со која на Хоура и Бодалец им било забрането да ги користат имињата „Прљаво казалиште“, „Прљавци“ и слични називи. Со одлуката била наложена и откажување на сите однапред договорени активности што требало да се одржат под тие имиња.
