22:04 - 9 ноември, 2026

Актерот Идрис Елба кој е заразен со коронавирус, се огласи од изолација! (ВИДЕО)

Славниот британски актер, музичар и продуцент Идрис Елба (47), објави дека е позитивен на коронавирусот – COVID19.

Актерот е во самоизолација и ги извести сите дека се чувствува добро, но и дека нема никакви симптоми на смртоносниот вирус од кој во Британија досега починаа 55 луѓе, наведува британскиот „The Sun“.

Поради оваа причина тој се обрати на друштвената мрежа Твитер, покрај снимка на која наведе дека ќе ги известува сите за понатамошниот развој на ситуацијата.

„Ова утро се тестирав и позитивен сум на COVID19. Добро се чувствувам и сега немам никакви симптоми, но сум во изолација откако дознав за можните последици од вирусот“, напиша актерот, а потоа упати и апел.

„Останете дома луѓе и бидете прагматични. Ќе ве известувам за тоа како се чувствувам. Без паника“, напиша актерот.

Потсетуваме дека со коранавирусот се заразени актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, Бонд девојката Олга Кириленко, Лејди Гага е во самоизолација, Хајди Клум и нејзиниот вереник чекаат резултати и исто така се во изолација, а актерот Идрис Елба се тестираше откако дозна дека сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, со која имал контакт непосредно, е заразена со коронавирусот.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....