18.8 C
Скопје
21:22 - 10 мај, 2026

Актерот Бата Живојиновиќ ќе почива покрај сопругата: Тоа беше нивната желба, ќе ја испочитувам…

Големиот српски актер Велимир Бата Живојиновиќ ќе биде преместен од Алејата на заслужните граѓани во Белград во Корачица, каде што е роден. Посмртните останки на овој легендарен актер ќе бидат преместени до 1 мај и тој ќе почива покрај сопругата Јулијана Лула Живојиновиќ како што сакаше.

Оваа информација ја потврди синот на Бата, Миљко Живојиновиќ, кој истакна дека се испочитувани сите процедури и дека големата желба на неговите родители ќе се оствари:

– Во 2020 година ги добивме сите потписи и согласност посмртните останки на Бата да бидат преместени. Меѓутоа, тогаш започна короната и сѐ запре. После тоа било откриено дека низ парцелата каде што требало да биде преместен поминува водоводна цевка која потоа ја префрлиле од водоводот. Потоа чекавме да помине некое време за да се среди земјиштето и сега сѐ е решено, а може да почнеме и со постапката за преместување на посмртните останки на татко ми. Планот е тоа да се направи до 1 мај, а за точниот датум ќе бидете известени – изјави Миљко Живојиновиќ и додаде дека направил сѐ што е до него:

– Сега одам во Аранѓеловац, нарачав бел мермер, па надгробната плоча ќе биде готова. Кога ќе дојде тој ден, според нашите стари верски и традиционални обичаи, ќе се изврши погребот и сѐ што следи. Сите членови на нашето семејство се во процес и ќе присуствуваат тој ден, како и сите оние блиски луѓе кои сакаат. Бата ​​конечно ќе почива покрај Лула како што сакаа двајцата – изјави Миљко Живојиновиќ.

Слични објави

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ со остра изјава: „Никој не се радува на успехот на Јаков Јозиновиќ“

Еспресо

Неделен хороскоп: Налет на енергија, комуникација и малку непредвидливост…

Т.Ц.

(Видео) Саша Ковачевиќ паднал од бината на синоќешниот концерт

Т.Ц.

Зорица Брунцлик случајно дознала за страшната дијагноза: „Твојот живот виси на конец…“

Еспресо

Редок увид во приватниот свет на Мерилин Монро – аукцијата ја открива нејзината најранлива страна

Т.Ц.
Се вчитува....