23:37 - 19 август, 2026

ВО МАКЕДОНИЈА ПОЧНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДОНИРАЊЕ МАЈЧИНО МЛЕКО: Дали би се решиле да донирате мајчино млеко?

Дали би го доеле вашето бебе со туѓо мајчино млеко?

Во Македонија почнува да се шири иницијатива за донирање мајчино млеко „Human Milk 4 Human Babies“ која треба да им овозможи на мајките што од различни причини немаат доволно млеко да ги хранат своите бебиња, а не сакаат да го прават тоа со адаптирано млеко, да го сторат тоа со млеко од друга мајка, која ќе им го донира.

приватна архива

Иницијативата ја покренаа Наташа Цветановска-Тодосовска, сертифициран специјалист за доење (@доењесољубов) Јасна Апостолски-Николов, дипл.мед.сестра и единствениот меѓународно сертифициран лактациски консултант во нашата држава – ИБЦЛЦ, која го води центарот за мајки „Здраво бебе“ @здравобебемк, и Весна Ѓурковска-Каеска, позната во медиумите како долгогодишен активист на тема доење и здрава исхрана кај децата, која стои зад профилот @вкусниприказни.

– Ова е глобална иницијатива и е поттикната од оние мајки или родители кои што посвојуваат деца, а немаат мајчино млеко, да имаат прилика да си обезбедат мајчино млеко. За разлика од банките за мајчино млеко, оваа иницијатива е пошироко отворена. Санува збор на комуникација помеѓу семејствата, стекнување доверба и договор меѓу нив за да може да го споделат мајчиното млеко – вели Јасна Апостолски-Николов.

Социјалните мрежи се основата за реализација на оваа иницијатива – најважната алатка за комуникација. Оваа иницијатива остварува локално спојување на семејствата кои нудат млеко за донација и семејствата на кои тоа млеко им е потребно токму преку социјалните мрежи.

– Во нашата држава постои посебен протокол кој треба да се помине за да ова функционира, неможеме ние како иницијатори доброволно и самоволно да ја покренеме оваа иницијатива без да добиеме одобрение од глобалната мрежа. Ние сме само место каде што секој може да ги добие потребните информации за мајчиното млеко и негово донирање – објаснува Јасна.

Се поставува и прашањето за сигурност на мајчиното млеко. Како мајките да ја остварат довербата помеѓу нив?

– Темелот на оваа иницијатива е заемната доверба меѓу семејствата кои се спојуваат. Донацијата понатаму се извршува директно меѓу семејствата. Правилата се мајката да биде искрена при објавата и да ги наведе сите информации што се релевантни за семејството кое би го користело тоа млеко за дохранување, на пр., дали мајката пуши, дали пие алкохол, дали зема медикаменти и сл. – вели Јасна.

Иницијативата нуди простор за нивно поврзување и заштита на нивното право да го направат она што е нормално, здраво и еколошко. „Human Milk 4 Human Babies“ е распространета низ светот и одлично функционира. Веќе се регистрирани над 100 земји каде што донирањето мајчино млеко е целосно организирано.

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....