23:28 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) НАШИТЕ ЅВЕЗДИ ГО ЧЕСТИТАА ПРАЗНИКОТ: Каролина, Игор, Елена – секој во свој стил

Каролина, Игор Џамбазов, Калиопи, Викториа Лоба и други личности од јавниот живот го честитаа денешниот државен празник. 8 септември, Ден на независноста на Македонија, ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Македонското знаме се развиори на социјалните мрежи. Нашата позната пејачка Карoлина со изведба на една нејзина добро позната песна со наслов „За нас“, го честиташе празникот на своите сограѓани. „Македонското девојче“ како што популарно ја нарекуваат нејзините фанови песната ја изведе свирејќи на пијано во нејзиниот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

– Честит празник Македонијо! – стои во описот напрекрасното видео на Каролина.

Видеото со изведба на Каролина го поделија и бројни познати личности меѓу кои и нашата позната манекенка Катарина Ивановска која исто така го честититаше овој голем празник на своите сограѓани, упатувајќи комплименти до Гочева.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Елена Ристеска објави прекрасни фотографии на кои гордо го носи македонското знаме со себе на бројни настапи ширум Европа.

– Каде и да одам секогаш Македонија во срцето ја носам. Среќен празник, среќен Ден на независноста на Македонија – стои во описот на прекрасниот албум на Ристеска.

Фото: Принтскрин / Instagram

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил во негов препознатлив стил го честиташе денешниот празник, а неговата објава ја споделија и бројни познати личности меѓу кои и нашата позната пејачка Тамара Тодевска која исто така го честититаше овој голем празник на своите сограѓани.

 

По Тамара, нашата актерка Весна Петрушевска – Бејби на својот инстаграм – профил ја превзема оригиналната честитка на Џамбазов по повод големиот празник и дополни „се сложувам со мојот стар и верен другар во потполност“, збогатувајќи ја објавата на овој празничен ден со едно прекрасно видео на Игор посветено на неговата љубена Илина Арсова.

Арсова исто така го честиташе големиот празник со објавата на Џамбазов, но на овој празничен ден се пофали и со новото видео на Игор во кое се зборува за нивната љубов.

Нашата позната пејачка Калиопи Букле на својот инстаграм – профил сподели прекрасно видео на кое ја изведува нејзината песна „На пат до Македонија“. Споделувајќи дел од стиховите на песната пејачката го честиташе празникот на своите сограѓани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Мартин и Стефан Филиповским или попознати како „Некст тајм“ преку своите приватни инстаграм профили со фотографија од македонското знаме го честитаа овој голем празник.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Викториа Лоба по повод денешниот празник објави прекрасна фотографија на која гордо го носи македонското знаме упатувајќи честитки за денешниот празник.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....