19.8 C
Скопје
14:18 - 26 април, 2024

ДА: Серија за животот на легендарниот моден дизајнер Карл Лагерфелд

карл лагерфелд

Стриминг сервисот „Disney +“ објави дека ќе се снима мини-серија „Kaiser Karl“ за легендарниот, загадочен моден дизајнер Карл Лагерфелд.

Серијата ќе има шест епизоди и ќе се снима во Франција. Таа е базирана на истоимената биографија на Рафаел Баке. Како продуцент се потпишува Гуамонт, кој стои зад хит серијата на „Netflix“ насловена „Lupin“. „Kaiser Karl“ ќе се занимава со животот на славниот дизајер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld)

Серијата ја следи потрагата на Лагерфелд да стане наследник на Коко Шанел, но и најуспешниот француски кутиер во времето кога Ив Сен Лоран го достигнал врвот на неговата кариера. Серијата ќе го истакне ривалството помеѓу Лагерфелд и Пјер Берже, партнерот на Ив Сен Лоран, љубовната приказна на Лагерфелд со Жак де Башер и ќе не приближи до луксузните модни куќи од 70-тите години. Исто така, ќе покаже како Лагерфелд го изградил својот уникатен, а понекогаш и контроверзен личен бренд во свет каде изгледот е сè.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld)

„Disney+“ ни даде можност да раскажеме уникатни европски приказни на глобалната публика. Имаме неверојатно разновидна и возбудлива европска листа, а „Kaiser Karl“ е показател за тоа какви приказни сакаме да раскажуваме. Исто така, сметавме дека на приказната на Лагерфелд досега не ѝ е дадена важност каква што заслужува и едвај чекаме да ја споделиме со публиката“, истакна Јан Копен, претседател на компанијата „The Walt Disney EМЕА“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld)

Полин Довин, потпретседател за програмирање и оригинална продукција, компанијата „The Walt Disney“ во Франција додаде: „Веднаш не заведе идејата да ја адаптираме биографијата на Баке, што ќе ја означи првата соработка помеѓу „Disney“ и Гаумонт во оригинална француска серија. Серијата ќе го прикаже единствениот момент на трансформација во модната индустрија во Франција во 70-тите години, олицетворена со иконата на повеќе метаморфози, Карл Лагерфелд“.

Деталите за кастингот, вклучувајќи кој ќе го игра Карл Лагерфелд, се очекува да бидат објавени во наредните месеци.

Слични објави

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо
Се вчитува....