17:44 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Значителна снежна покривка, еве каде!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во попладневните и во вечерните часови од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски, до крајот на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка позначително ќе се зголеми. Поинтензивни врнежи ќе има особено во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека за време на викендот ветерот ќе го промени својот правец во северен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека пониски температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....